Twenty One Pilots

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Twenty One Pilots [1] е американско музичко дуо од Колумбо, Охајо. Бендот е формиран во 2009 година од страна пејачот Тајлер Џозеф, заедно со поранешните членови Ник Томас и Крис Салих, кои го напуштија бендот во 2011 година, и во моментов бендот се состои од Џозеф и тапанарот Џош Дан. Дуото се во прослави во 2015 година по неколку години на турнеја и независни изданија.

Тие издадоа два самостојно објавени албуми, Twenty One Pilots во 2009 година и Regional at Best во 2011 година, пред да потпишаат договор со Fueled by Ramen во 2012 година. Нивниот деби албум, Vessel, беше издаден во 2013 година. Дуото постигна успех со пробивот на нивниот четврти албум, Blurryface(2015 година), кој произведе успешни синглови „Stressed Out" и „Ride". Покрај тоа, синглот „Heathens", снимен за саундтракот на филмот Самоубиство состав, ја направи групата првиот алтернативен изведувач кој има два истовремени топ десет синглови во САД. Петтиот студиски албум на групата, Trench, беше објавен на 5 октомври 2018 година.[2] Тие имаат освоено Греми Награда за „најдобра поп група“.[3]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Тајлер Џозеф првпат го запознал Николас „Ник“ на млада возраст кога играле кошарка во Колумбо, Охајо.[4] Томас подоцна се префрлил во училиштето на Џозеф, и двајцата останале пријатели и после средно училиште.[5]

Џозев почнал да свири откако нашол еден стар синтисајзер во неговиот плакар, божиќен подарок од мајка му, имитирајќи радио мелодии.[6][7] Откако видел писател на песни како настапува во клубот „Хај Стрит“, Џозеф ја отфрлил можноста да игра кошарка со стипендија на универзитетот за да продолжи со музика со полно работно време. Во 2007 година, Џозеф снимил соло албум насловен No Phun Intended во подрумот на неговите родители. Томас свирел гитара на неколку песни од албумот, и соработувал на песната „Trees".[8]

Додека учел на државниот универзитет во Охајо, на забава Џозеф го запознал Кристофер „Крис" Салих роден во Тексас, кој подоцна му се придружил во бендот. Забележувајќи го талентот и креативната енергија, Салих му дал предлог на Џозеф за формирање на бенд. Импресиониран од студиото за снимање што Салих го изградил во неговата куќа, Џозеф се согласил  и почнал да ги споделува неговите идеи за нова музика. Пред нивниот прв настап, Џозеф го поканил Томас да се приклучи на неименуваниот бенд како басист. Во 2009 година, групата се преселила во своја куќа, каде што нивниот прв албум бел конципиран и снимен во подрумот.[9]

Бендот на почетокот настапувал за широк спектар на публика во клубови и места околу Колумбо. Свирењето на метал, хардкор и електронски места му влијаело на Џозеф да ги вметне овие различни стилови во неговите текстови. Со цел да го привлече вниманието на непознати или незаинтересирани учесници и промотори, бендот почнал да експериментира со костими и акробати на сцената.

Создавање на Twenty One Pilots[уреди | уреди извор]

Денес се познати како „Twenty One Pilots“,[10] групата го издаде нивниот деби, само-насловен албум, Twenty One Pilots, на 29 декември 2009 година, а почна со турнеја остатокот од Охајо. Мајката на Џозеф стоела надвор од Охајо Државниот Универзитет давајќи билети за неговите настапи.[11] [12][13] Во 2010, бендот објавил две песни на нивниот профил на Саунд Клауд, преработка на „Jar of Hearts" од Кристина Пери и преработена интерпретација на „Време да се каже збогум“ од Андреа Бочели и Сара Брајтмен.[14] Втората песната ќе стане првата песна што локалниот тапанар Џош Дан ја слушнал од групата.[15]

Наводи[уреди | уреди извор]