StatusNet

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
StatusNet
Логото на StatusNet
StatusNet-zh CN.png
Снимка на страница што работи на StatusNet
Изворни авториЈуан Продрому
ПрограмериStatusNet, Inc.
Стабилно издание1.0.1[1] / 3 октомври 2011; пред 10 години (2011-10-03)
Прог. јазикPHP
Опер. системповеќеподложен
Јазицинад 25, вклучувајќи македонски[2]
Видсклопец за интернет-програми
ЛиценцаAffero GPLv3+[3]
Мреж. местоstatus.net

StatusNet (порано Laconica[4]) е опслужувач за микроблогирање со отворен код напишан во PHP кој го користи OpenMicroBlogging стандардот за интероперабилност помеѓу инсталации. Иако нуди можности слични на Twitter, StatusNet овозможува потенцијал за отворена, меѓуслужбена и дистрибуирана комуникација помеѓу микроблогерските заедници. Фирмите и поединците може да го инсталираат и да раководат со сопствена служба и податоци[5][6]. Посредникот[7] на StatusNet е достапен на разни јазици, вклучувајќи го македонскиот.

Истакнати примени[уреди | уреди извор]

StatusNet се користи на неколку десетини јавни служби.

Identi.ca[уреди | уреди извор]

За првпат StatusNet (како Laconica) нашол примена на службата за отворено микроблогирање Identi.ca. Оваа служба е овозможена од самите создавачи на StatusNet, StatusNet Inc., и нуди слободни и бесплатни сметки за јавноста и советодавни напатствија и помош за верзијата на StatusNet за инсталирање.[8]

TWiT Army[уреди | уреди извор]

Друга популарна страница со StatusNet е TWiT Army на „This Week in Tech“.[9]

ETER.mk (македонски)[уреди | уреди извор]

На StatusNet работи ETER.mk Архивирано 1 февруари 2010 г.., македонска страница за микроблогирање на овозможена од ekarta.mk

Можности[уреди | уреди извор]

  • Подновувања со XMPP/Jabber/Google Talk клиент
  • OpenID корисничка потврда
  • Поддржува Federation, што дава можност за претплаќање на забелешки од корисници на оддалечена служба преку протоколот OpenMicroBlogging
  • СМС - подновувања и известувања
  • API компатибилен со Twitter
  • Тарабни ознаки
  • Повеќејазичен посредник (со помош на Gettext), со целосна поддршка на македонски
  • Посредно објавување на Twitter
  • Интеграција со Facebook
  • Групи
  • Автоматско скратување на URL-адреси
  • Геоположби и карти
  • Поднова на каналот во живо
  • Прилози (додавање податотеки, слики, аудио и видео снимки)
  • Вметнување содржини од други мрежни места како YouTube, Flickr итн.

Upcoming priority features:[10]

  • Повеќе Ajax-овиден посредник
  • Посредно објавување на Jaiku, Plurk итн.
  • Извлекување на пораки од Twitter, Plurk, Jaiku итн.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. StatusNet 1.0.1 - Документација Архивирано 7 април 2012 г.. (англиски)
  2. „Статистики за преводите на StatusNet“. Посетено на 26 февруари 2010. (англиски)
  3. „Документација“. „...под условите на Општата јавна лиценца на ГНУ Аферо [Affero GPL], според објавеното од Фондацијата за слободна програмска опрема, верзија 3 на Лиценцата, или (по Ваш избор) било која понова верзија“.
  4. Laconica отсега се вика StatusNet [1] Архивирано 31 август 2009 г.., проверено на 4 октомври 2009
  5. Terdiman, Daniel (6 октомври 2008) Зборување на Twitter со помош на отворена програмска опрема, CNet. Проверено 3 јануари 2009.
  6. Bastien, Malcolm (28 август 2008) Зошто Laconica е од големо значење за деловното микроблогирање Архивирано 25 јануари 2009 г... Проверено на 3 јануари 2009.
  7. познат и како „интерфејс“
  8. Список на служби со StatusNet Архивирано 15 јули 2012 г.. (англиски)
  9. „TWiT Army“. Архивирано од изворникот на 2008-08-26. Посетено на 2021-08-10.
  10. „Laconica-dev Roadmap for the near future“. Архивирано од изворникот на 2009-02-21. Посетено на 2010-02-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Општи[уреди | уреди извор]

Македонски[уреди | уреди извор]