Opera

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Opera
Opera 2015 icon.svg
Скриншот Opera 80.jpg
Opera 80 на Windows 10
ПрограмериOpera Software
Првично издание10 април 1995 (1995-04-10)
Стабилно издание88.0.4412.40[1] Уреди википодатоци / 13 јуни 2022
Прог. јазикC++
Опер. системWindows 7 или понов,[2] macOS, Linux
Големина2550 KB
Јазици42 јазици[3]
Видинтернет алатка
Лиценцафривер
Мреж. местоopera.com

Opera е бесплатен прелистувач развиен од норвешката компанија Opera Software. Прелистувачот е мултиплатформски, односно можно е да се користи во повеќе оперативни системи.

Првпат „Opera“ се појави за Windows оперативниот систем во 1996 година, а денеска актуелна е верзијата 10.10.

„Opera“ се справува со вообичаени интернет-ориентирани задачи како: приказ на мрежни страници, праќање и примање електронски пораки, ракување со контакти, IRC дискусии, преземање податотеки преку BitTorrent и читање на известувања. „Opera“ е бесплатна за лични сметачи и мобилни телефони, но е комерцијален производ за останати уреди.

Главни одлики на „Opera“ се голема брзина, прелистување во јазичиња, зумирање на страници, гестови со глушец и вграден управувач за преземања. Безбедносните одлики вклучуваат вградена phishing заштита, силна енкрипција при прелистување безбедни мрежни места, како и можност за лесно бришење приватни податоци од тип на HTTP колачиња и прелистувачка историја со едноставно притискање на копче.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://blogs.opera.com/desktop/changelog-for-88/; датум на проверка: 15 јуни 2022.
  2. „Opera system requirements“. Opera Software. Посетено на 22 март 2018.
  3. „Opera for Windows — language files“. Opera Software. Посетено на 2008-04-02.