Прејди на содржината

oneM2M

Од Википедија — слободната енциклопедија

oneM2M
ДејностTelecommunications industry
Основано2012
Испостави
8
Клучни личности
Fran O'Brien (Steering Committee Chairman)
Omar Elloumi (Technical Plenary Chair)
Вработени
5000
Мреж. местоonem2m.org

oneM2M е глобална организација која создава потреби, архитектура, API спецификации, безбедносни решенија и интероперабилност за Машина-до-Машина и IoT технологии.[1]

oneM2M спецификации обезбедува рамка за поддршка на широк спектар на апликации и услуги како што се паметни градови, паметни мрежи, поврзани автомобили, автоматизација во домот, јавна безбедност и здравје.[2][3]

Краток преглед

[уреди | уреди извор]

oneM2M стандардот користи едноставна хоризонтална архитектура на платформа која  вклучува трослоен модел кој се состои од апликации, услуги и мрежи. Во првиот од овие слоеви, апликациони ентитети (Application Entities, AEs) е вграден во рамките на одделни уреди и/или апликации.[4] Тие користат стандардизиран интерфејс за да управуваат и комуницираат со апликациите. Ентитетите за Заеднички Услуги (Common Services Entities, CSEs) играат слична улога во сервисниот слој кој е вграден помеѓу апликацскиот слој и мрежниот слој. Мрежниот слој гарантира дека уредите, сензорите и апликациите се во можност да функционираат независно од типот на мрежа кој се користи.[5][6]

Историја

[уреди | уреди извор]

oneM2M е формирана во јули 2012 година[7] и се состои од осум најистакнати светски организации за развој на стандарди, како што се: ARIB (Јапонија), ATIS (САД), CCSA (Кина), ETSI (Европа), TIA (САД), TSDSI (Индија), TTA (Кореја) и TTC (Јапонија).[8] заедно со шест конзорциуми или стандардизациони тела (Broadband Forum, CEN, CENELEC, GlobalPlatform, Next Generation M2M Consortium, OMA).

Партнери

[уреди | уреди извор]

one2M2M во моментов има повеќе од 200 партнери и членови. Меѓу попознатите се Алкател-Lucent, AT&T, BT Group, Adobe, Ericsson, Дојче Телеком, IBM, Cisco, Sierra Wireless, InterDigital, Intel, Samsung,[9] LG Uplus и Telefonica.[7][10]

Регионален Развој

[уреди | уреди извор]

Јужна Кореја е еден од водечките пазари за решенија врз основа на oneM2M стандардот. Националниот IoT Мастер План на Јужна Кореја реферира на oneM2M како стратешки двигател за IoT апликации и компании што развиваат IoT решенија.[11] Градот Busan имплементира отворена платформа врз основа на oneM2M за поддршка на еко-систем на паметни градови направен од академски и стопански здруженија.[12]

Во Европа, HP Enterprise пријавил комерцијален успех во индустрискиот сектор и во секторот на паметни градови.[13][14]

Во Велика Британија, постои јавно-приватно партнерство со користење на oneM2MTM IoT платформа развиена од страна InterDigital за поддршка на тестирање на интелигентни системи за транспорт (Intelligent Transport Systems, ITS). Тестот, наречен oneTRANSPORT, е делумно финансиран од InnovateUK и вклучува 11 јавни и приватни организации со оператива која опфаќа четири соседни региони во Англија (Buckinghamshire, Hertfordshire, Northamptonshire и Oxfordshire).[15] Целта на испитувањето е да се демонстрира планирање на патувања и апликации за управување со транспортот при настани и несреќи.

  1. Blewitt, Alex. „Eclipse Foundation Releases IoT Projects“. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  2. Frenzel, Lou. „Wireless Is Headed…Where?“. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  3. Briodagh, Ken. „oneM2M to Release Next Standards in Autumn to Expand IoT Interconnectivity“. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  4. Carlton, Alan. „IoT is not about radios; it's all about data“. Архивирано од изворникот на 2016-10-24. Посетено на 15 September 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  5. Gopalakrishnan, Arvind. „oneM2M implications on IOT platforms for enterprises“. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  6. Abbas, Muntazir. „C-DoT builds first open machine-to-machine platform“. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  7. 7,0 7,1 Yoo-chul, Kim (15 July 2016). „LG Uplus expands international business“. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  8. „oneM2M welcomes GlobalPlatform, TSDSI as partners“. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  9. Maddox, Teena. „Can Samsung's $1.2 billion investment launch the era of 'human-centered' IoT?“. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  10. Babcock, Charles. „HPE Offers IoT Platform To Build, Analyze Data“. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  11. Waring, Joseph (10 June 2015). „SK Telecom unveils open IoT platform based on oneM2M“. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  12. „Busan - Global Smart City“. Архивирано од изворникот на 2017-07-06. Посетено на 10 October 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  13. „HPE's IoT Platform Supports oneM2M, LoRa, SigFox“. Посетено на 2016-06-19. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  14. Preimesberger, Chris. „HPE Moves Into IoT Management With All-Purpose Platform“. Посетено на 25 August 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  15. „oneTRANSPORT Intelligent Transport System trial“. Архивирано од изворникот на 2016-10-26. Посетено на 22 September 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]