Macedonialovesyou.eu
![]() | |
| URL | http://www.macedonialovesyou.eu/ |
|---|---|
| Комерцијална? | не |
| Тип на место | Приватен портал |
| Регистрација | нема |
| Достапни јазици: | англиски и македонски |
| Сопственик | Станислав Пигоњ (Stanisław Pigoń) |
| Создавач | M2 Graphics и Марек Мантужик (Marek Mantużyk) |
| Пуштена | 13 септември 2007 |
| Моментален статус | активна |
Macedonialovesyou.eu — мрежно место посветено на Македонија и создадена од страна на Полјакот Станислав Пигоњ и дизајнирана од M2 Graphics и Марек Мантужик. Порталот е регистриран на 13 септември 2007 г. и содржи слики, текстови и репортажи од различни делови на Македонија поврзани со убавините на државата и нејзиното историско и културно наследство.
Почетоци
[уреди | уреди извор]Страницата е регистрирана на 13 септември 2007 година од страна на Станислав Пигоњ и ја регистрирал од љубов кон Македонија и македонските пријатели. Веднаш по самото регистрирање страницата побудила голем интерес и тоа било мотив за понатамошен развиток на проектот. Авторот, Станислав Пигоњ, бил вработен привремено во Македонија и по неговото враќање во Полска веднаш ја реализирал замислената идеја и проект. Денес страницата е посетувана од луѓе од над 150 различни држави и има голем интерес во јавноста[1].
Поради големиот интерес за страницата, Станислав Пигоњ регистрирал уште два домеина во Грција сè со цел да се претстави подобро Македонија и да се избришат националистичките стереотипи. Нивното започнување се очекува наскоро. Овие два домеина се: www.macedonialovesyou.gr и www.lovemacedonia.gr[2].
Содржина
[уреди | уреди извор]Порталот се состои од неколку оддели, меѓу главните се:
- „Убавините на Македонија“
- „Сè за Македонија“
- „Љубов Македонија“
Секој оддел е поделен на неколку пододдели, со слики и репортажи за Македонија проследени со мал текст и карта на местото за кое има слика. Одделот „Сè за Македонија“ е поделена на четири пододдели кои се наменети за почетници-познавачи на Македонија, за понапредни познавачи на Македонија, сезоните во Македонија и македонските вина и јадења. Одделот „Убавините на Македонија“ ги претставува природните убавини на Македонија и културното и историското наследство на државата. Покрај овие има уште многу други пододдели.
Порталот се менува и прилагодува според секое сезонско време, па така има летен, пролетен, есенски и зимски дизајн. Покрај големиот број на галерии и репортажи оваа семрежна страница има вклучено и оддел со снимени фрази од македонскиот јазик, оддел за писма и коментари на посетителите и оддел каде луѓе од Македонија испраќаат слики и текстови поврзани со секојдневни настани како што се свадби, излети и слично сè со цел поблиску да се претстави Македонија. Овој оддел вклучува и писма од светот кои биле испратени како пофалби до страницата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „About macedonialovesyou.eu“. Архивирано од изворникот на 2010-01-07. Посетено на 2009-09-20.
- ↑ Грција регистрирала два нови домеина[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- macedonialovesyou.eu Архивирано на 7 јануари 2010 г.
- Интервју со Станислав Пигоњ[мртва врска]
