Louis Vuitton
Вид | Division of holding company (LVMH) |
---|---|
Дејност | Retail |
Основано | 1854 |
Основач | Луј Витон |
Седиште | , |
Клучни личности | Луј Витон, (основач) Бернарт Арнолт, (претседател) Марк Јакобс, (уметнички директор) Антони Арнолт, (директор на комуникации) Вице претседател: Силвиа Маркез |
Производи | Луксузна стока |
Доход | ▲€2.2 billion (2009)[1] |
Вработени | 9,671 (March 2010) |
Матично претпријатие | LVMH |
Мреж. место | www.louisvuitton.com |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Louis Vuitton Malletier познат како Louis Vuitton (мак. Луј Витон) — француска модна куќа основана во 1854 година. Логото е добро познато по неговиот ЛВ монограм, кој се наоѓа на поголемиот дел од производите, почнувајќи од големи луксузни куфери и кожни произоди до готови чевли, часовници, накит, модни додатоци, очила и книги. Луј Витон претставува една од водечките меѓународни модни куќи во светот. Луј Витон ги продава своите производи преку мали бутици кои се наоѓаат во елитни стоковни куќи како и преку делот за е-трговија на неговото мрежно место.[2]
Луј Витон денес
[уреди | уреди извор]Рекламни кампањи
[уреди | уреди извор]Компанијата Луј Витон внимателно негува бренд кој го следат славните личности и во своите рекламни кампањи користи славни модели и глумици како што е Џенифер Лопес и од неодамна Мадона. Скршнувајќи од вообичаената традиција на ангажирање на супермодели и славни личности за рекламирање на нивните производи, на 2 август 2007 година, компанијата објавува дека поранешниот СССР водач, Микаил Горбачов, ќе се појави во рекламна кампања заедно со Штефи Граф, Андре Агаси и Кетрин Денев. Многу рапери, особено Кање Вест, го спомнуваат брендот во некои нивни песни.
Компанијата често има свои рекламни додатоци во списанија и на билборди во космополитски градови. Таа претходно се ослонува само на избран печат за нејзините рекламни кампањи (често вклучувајќи престижни ѕвезди како Штефи Граф, Андре Агаси, Жизел Бундхен и Кетрин Денев) сликани од страна на фотографот Ени Либовиц. Сепак, Антоан Арнаулт, директорот на одделот за комуникации, скоро одлучува да влезе во светот на телевизијата и киното : Рекламата (90 секунди) која е преведена на 13 различни јазици ја експлоатира темата "Каде ќе ве однесе животот?". Ова досега е прва Луј Витон реклама и е во режија на познатиот француски режисер Бруно Авејлан.
Производи
[уреди | уреди извор]Од XIX век, производството на Луј Витон артиклите не е променето : Багажот сè уште рачно се изработува. Контемпорери Фешн (Современа мода) дава приказ на процесот на создавање на големите куфери на Луј Витон : мајсторот ја реди кожата и конопното/лененото платно прицврстувајќи ги малите брутни една по една обезбедувајќи ѝ на цврстата брава од месинг, со пет врежани букви, отпорна на пробивање, единствен рачно изработен клуч, дизајниран да му овозможи на патникот употреба на само еден клуч за целиот нејзин/негов багаж. Рачките на големите женски куфери се направени од јасика/топола стара 30 години која треба да се суши најмалку 4 години. Секој голем куфер има сериски број за кој се потребни до 60 часа за да се изработи а за обичен куфер дури 15 часа.
Голем број од производите на компанијата ги користат препознатливите конопни/ленени материјали со принт во кафена боја на шаховска табла и иницијалите на бренот, двата за првпат применети во доцниот 19 век. Сите производи на компанијата ги изложуваат истоимените иницијали ЛВ. Компанијата го нуди својот производ на пазарот преку нејзините сопствени продавници ширум светот, што ѝ дозволува да го контролира како квалитетот на производот така и цените на истиот. Тоа, исто така, му овозможува на ЛВ да го спречи влегувањето на фалсификувани артикли во неговите дистрибутивни канали. Луј Витон нема распродажби ниту пак бесцарински продавници. Освен тоа, компанијата ги дистрибуира своите производи преку LouisVuitton.com
Брендот
[уреди | уреди извор]Брендот Луј Витон и познатиот ЛВ монограм спаѓаат во најскапоцените светски брендови. Според Милвард Браун истражувањето од 2010 година, Луј Витон се наоѓа на 29-то место на списокот на највредни брендови, веднаш по Велс Фарго и пред Жилет. Проценетата вредност на брендот изнесува 19,781 милјарди американски долари.
Фалсификување
[уреди | уреди извор]Луј Витон е еден од најфалсификуваните брендови во светот на модата земајќи го како причина стекнатиот имиџ на статусен симбол. Само мал дел од производите кои ги носат иницијалите ЛВ во рамките на општата популација се автентични. Иронично, принтот на шаховска табла е создаден со цел да се спречи фалсификувањето. Во 2004 година, 18% од фалсификуваните модни додатоци конфискувани во Европската Унија се Луј Витон фалсификати.
Компанијата го сфаќа сериозно фалсификувањето и ангажира тим на адвокати и специјални истражни агенти, активно гонејќи ги прекршителите преку судовите низ светот и распределува околу половина од нејзиниот буџет за комуникации за борбата против пиратството на нејзините артикли. ЛВМХ (матичната компанија на Луј Витон) дополнително го потврдува ова напоменувајќи дека "60-тина луѓе на различни нивоа на одговорност работат со полна пареа против фалсификувањето во соработка со широка мрежа на надворешни инспектори и тим на адвокати". Како понатамошно залагање, компанијата одблиску ја контролира дистрибуцијата на нејзините производи. Сè до 1980-тите, Луј Витон производите се продаваат на големо во стоковните куќи ( на пр. Нимен Маркус и Сакс на Петтата авенија). Денес, Луј Витон производите обично можат да се најдат во престижни трговски центри и луксузни стоковни куќи. Бутиците во стоковните куќи работат независно од нив и имаат сопствени ЛВ менаџери и вработени. Не многу одамна ЛВ лансираше онлајн продавница, преку неговото основно мрежно место, како авторизиран канал за продажба на неговите производи.
Наводи
[уреди | уреди извор]„Louis Vuitton“ на Ризницата ? |
- ↑ „Louis Vuitton records double-digit growth in 2009“. Drapers. 5 February 2010. Посетено на 12 May 2010.
- ↑ „Legal Notice“. Louis Vuitton. Архивирано од изворникот на 2011-05-01. Посетено на 24 April 2010.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Louis Vuitton (англиски)
- Louis Vuitton[мртва врска] Bag Blog (англиски)