Прејди на содржината

LAMMPS

Од Википедија — слободната енциклопедија

LAMMPS (англиски: Large-scale Atomic/Molecular Massively Parallel Simulator) е компјутерска програма за молекуларна динамика од националните лаборатории „Сандија“ во САД[1]. Оваа софтверска алатка е бесплатна за користење и кодот е јавно достапен, така што целата програма се дистрибуира под GNU општата јавна лиценца. LAMMPS за паралелна комуникација го користи Message Passing Interface (MPI).

LAMMPS е првично развиена како дел од договор за истражувачко-развојна соработка меѓу две лаборатории од американскиот департмент за енергетика и три други лаборатории од приватниот сектор. Од 2016 година, кодот го одржуваат и дистрибуираат истражувачите во националните лаборатории „Сандија“ и универзитетот „Темпел“[1].

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Steve Plimpton. „LAMMPS Molecular Dynamics Simulator“. lammps.sandia.gov. Посетено на 2020-04-03.