Прејди на содржината

Kiloo

Од Википедија — слободната енциклопедија
Kiloo ApS
Видприватно
ДејностВидео игри, Игри за мобилен телефон
Основано2000
Седиште
Орхус
,
Данска
Клучни личности
Jacob Moller (Генерален Менаџер)
Simon Moller (Комуникациски менаџер)
Вработени
40
Мреж. местоhttp://www.kiloo.com

Kiloo е данско претпријатие за игри со седиште во Орхус, Данска. Основана е во 2000 година од генералниот менаџер Jacob Moller со фокус на изработување на материјал за безжична забава за мобилни и преносливи уреди.
Nајпознатата игра на Kiloo, Subway Surfers е издадена во пролетта во 2012 година и е изработена во соработка со Sybo Games. Неколку недели после нејзиното издавање, бесплатната игра за iOS го добила името Игра на Неделата на 31 Мај, 2012 од AppAdvice. Во Септември, играта стана достапна и за Android корисниците и привлече уште многу ентузијастички играчи. После еден месец од кога стана достапна за корисниците на Android, Subway Surfers стигна и до топ 20 растечки Facebook апликации на месечно активни корисници.

Историја

[уреди | уреди извор]

Kiloo е основана во 2000, во мал стан во Архус, Данска, од претпријатие со двајва вработени. Во 2002, по раскинувањето на партнерството Kiloo стана приватно претпријатие. Во истата година, Kiloo победи на Nokia натпреварување во категорија игри, со 500 конкурентни претпријатие, со нивните игри Popstar направени на Tamagotchi со концепт на менаџирање на кариери и основни потреби на претстоелки поп ѕвезди.
Подоцна, Kiloo стави во договор со THQ Wireless за развивање на играта Worms да биде достапна за мобилните телефони. Kiloo исто така кооперираше и со ITE за развивање и дистрибуирање на мобилен материјал заснован на ТВ и карактерот од игри Hugo. До 2004, Хуго игрите биле купени од 1 милион луѓе.
Помеѓу 2006 и 2009, Kiloo доби ексклузивни мобилни права за LEGO насекаде низ светот. Во 2007 година влезе во најбрзо растечки приватни претпријатија во Данска. Во истата година, Kiloo доби права за усовршување на Whac-a-Mole за мобилни телефони.

Kiloo има создадено лиценцирани игри од брендови и претпријатија како:

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]