Kаролина Линдстром

Каролина Линдстром, моминско Лундстром (1812-1892),- шведска дизајнерка на шапки. Таа во Стокхолм била позната како „Вечерна ѕвезда“, бидејќи често била гледана како работи во текот на ноќта.
Живот
[уреди | уреди извор]Нејзината мајка била деловна жена и таа самата заштедила пари додека успеала да си дозволи да стане ученичка на производителот на шапки во Стокхолм, една Французинка.
Линдстром имала своја продавница на улицата Вестерланггатан бр. 40 во 1842 година. Таа имала голема мрежа од контакти; по смртта на кралот во 1844 година, била предупредена од кралските чувари во кралската палата, така што била во можност да ги набави сите црни ленти за жалост од другите дизајнери на шапки во главниот град, пред смртта да биде јавно позната. Била многу успешна и отворила втора продавница во Хорнсгатан. Во 1847 година, се омажила за човек кој ги расфрлил сите пари за коцкање, но таа брзо ги вратила.
Во 1892 година, го препуштила својот бизнис на еден од нејзините помошници и купила место за себе во пензионерскиот дом во Стокхолм за трговци вдовици; сепак, починала неколку месеци по пензионирањето.
Нејзиниот бутик бил, во 1995 година, најстарата модна продавница во Стокхолм.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lisbet Scheutz (2001 (2003) nuytgåva). Berömda och glömda stockholmskvinnor: sju stadsvandringar: 155 kvinnoporträtt. Stockholm: MBM. ISBN 91-973725-3-6 Libris 8392583
Литература
[уреди | уреди извор]- Lisbet Scheutz (2001 (2003)). Berömda och glömda stockholmskvinnor: sju stadsvandringar: 155 kvinnoporträtt. Стокхолм: МБМ.ISBN 91-973725-3-6ISBN 91-973725-3-6 Libris 8392583