Прејди на содржината

Java (програмски јазик)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа страница се однесува на програмскиот јазик Java. За друго значење, погл. Јава (појаснување).

Лого на Јава.

Javaпрограмски јазик којшто се појавува во средината на 1990-тите, а е развиен од американското претпријатие Sun Microsystems. Овој програмски јазик е сè позастапен во програмските решенија на пазарот. Негова силна страна е што може да се користи на повеќе оперативни системи само со воспоставка на JRE (Java runtime enviroment) за извршување на програми напишани во Јава или на jdk (java development kit) за развивање на програмите во овој програмски јазик.

Програмите напишани во Јава се составени објекти, произведени од класи коишто поседуваат својства и методи. Од напишаните класи во дадената програма се создаваат објекти со коишто преку дадените методи овие објекти се манипулираат.

Javа Servlet технологија

[уреди | уреди извор]

Javа Servlet технологојата денес е напредна технологија која се користи за создавање на семрежни прилози. Независноста од платформа, оперативен систем и приложен опслужувач, оваа технологија овозможува моќна алатка за создавање на Web апликации со високи перформанси во однос на брзина, сигурност, точност, комбинација со други технологии.

Денес, сервлетите се популарен избор за создавање на семрежни прилози насекаде во светот. Постојат многу производители на опслужувачи, како Apache Web server, iPlanetTM Web Server, Microsoft IIS, JBoss, BEA WebLogic, IBM WebSphere, Netscape Application Server, и други, кои му овозможуваат на корисниците да ја одберат најдобрата можна опција во поглед на опслужувачи, платформи и алатки.

Сервлетите се пишуваат во јазикот Java, што им овозможува да го искористат целиот потенцијал на овој јазик, вклучувајќи ја и JDBC технологијата, која овозможува пристап до сите бази на податоци.

JSP страница

[уреди | уреди извор]

JSP страницa е всушност страница која е преведена во сервлет кога е повикана. Но, JSP страниците нудат повеќе можности од сервлетите, со тоа што овозможуваат поинаков пристап во создавањето, промената и одржувањето на апликациите. Тоа е мешавина од HTML код со Java и JSP тагови, кои можат да се создаваат, или искористат некои од веќе понудените моќни TAG библиотеки.

JSP и Java Servlet технологиите ги нудат сите предности на Java програмскиот јазик, зрели, солидни решенија погодни за мали и големи корпоративни апликациски решенија.

Ова решение нуди:

  • Подвижност помеѓу платформи и опслужувачи
  • Масивно раководство со исклучоци, грешки и склад
  • Пристап до широк обем на API технологии (JDBC, JavaMail, XML.)

JSP и Java Servlet технологиите се дел од Java 2 Platform, Enterprise Edition (J2EE) платформата, и овозможуваат високо флексибилни и размерливи решенија за создавање на повеќеслојни апликации во “enterprise” околина затоа што:

  • Имаат пристап до Enterprise JavaBeans и J2EE-делови и опслужувачи кои содржат широк опсег на апликациски функционалности, вклучувајќи безбедност и менаџмент на трансакции
  • Овозможуваат “multithreaded processing” и повеќе конкурентни барања, со што се идеални за апликации со голем број на истовремени корисници

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Програмски јазици
Ada | ALGOL | APL | Асемблер | AWK | BASIC | C | C++ | C# | COBOL | ColdFusion | Common Lisp | Delphi | Eiffel | Focus | Forth | FORTRAN | Haskell | IDL | Java | JavaScript | Limbo | Lisp | Lua | Modula 2 | Objective C | OCaml | Pascal | Perl | PHP | Prolog | Python | Ruby | SAS | Scheme | Smalltalk | SQL | Tcl | Visual Basic