Dolerus cothurnatus

Од Википедија — слободната енциклопедија
Dolerus cothurnatus
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Семејство: Tenthredinidae
Род: Dolerus
Научен назив
Dolerus cothurnatus
Lepeletiere, 1823

Dolerus cothurnatus е вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Главата, градите и тегулите се црни, крилата малку затемнети, жилките и стигмата црни. Нозете во поголемиот дел црни, тибиите црвеникави. Абдоменот е црн во основата и задниот дел, во средината од вториот до шестиот сегмент е црвен. Мажјакот е во многу белези сличен на женската форма, и антените се подолги од абдоменот.

Ларвите достигнуваат должина од 20 мм. Главата од страните малку сплескана, со белузлав и жолт белег. Се среќаваат во текот на јуни до септември на растенија од родот на Equisetum. Презимуваат како кукли.[1]

Возрасните единки достигнуваат должина од 7-9 мм.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Географската распространетост на овој вид оса е средна и северна Европа, Сибир, до Камчатка. Во Македонија видот се среќава во село Бојане, Скопско и Гевгелија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 80