Coyote Ugly

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Coyote Ugly“
Податотека:Coyote ugly poster.jpg
Theatrical release poster
РежисерDavid McNally
ПродуцентJerry Bruckheimer
Chad Oman
СценаристGina Wendkos
Kevin Smith (uncredited)
Главни улогиPiper Perabo
Adam Garcia
Maria Bello
Melanie Lynskey
Tyra Banks
John Goodman
МузикаTrevor Horn
КинематографијаAmir M. Mokri
МонтажаWilliam Goldenberg
СтудиоTouchstone Pictures
Jerry Bruckheimer Films
ДистрибутерBuena Vista Pictures
ПремиераАвгуст 4, 2000 година
Времетраење100 минути
107 минути (Скратена верзија)
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Буџет$45,000,000
Бруто заработка$113,916,474

Coyote Ugly е романтична комедија/драма од 2000 година, заснована на вистинскиот салон Coyote Ugly, кој се наоѓа во градот Њујорк. Главните улоги во филмот ги играат Пајпер Перабо и Адам Гарсија. Тој е во режија на Дејвид Мекнали, продуциран од Џери Брукхајмер и Чад Оман и напишан од Џина Вендкос.

Содржина[уреди | уреди извор]

Вајолет Сенфорд (Пајпер Перабо) ги напушта својот роден град Јужен Ембој, во Њу Џерси, нејзиниот татко Бил (Џон Гудмен) и нејзината најдобра пријателка Глорија (Мелани Лински) за да ги следи своите соништа како текстописец во близина на Њујорк. Во пицеријата каде што таа работи има ѕид покриен со автограми каде што се потпишуваат вработените кога си одат,со надеж дека ќе бидат поуспешни, и Вајолет го додава нејзиниот на ѕидот.

Вајолет неуспешно повеќепати пробува незјината демо снимка да биде забележана од студијата за снимање. Една вечер таа пробува да биде забележана од агент во музичката индустрија . Барменот низ шега покажува накај Кевин О’донел (Адам Гарсија), убедувајќи ја дека тој е сопственикот на барот. Кога шегата е откриена, Вајолет мисли дека Кевин прави будала од неа. Со само неколку долари останати во нејзиниот џеб, откако нејзиниот апартман е ограбен,таа оди на вечера и забележува три девојки, Ками (Изабела Мико), Рејчел (Бриџит Мојнан) и Зои (Тајра Бенкс), расфрлувајќи се со стотиците долари бакшиш кои ги заработиле. По испитување, таа дознава дека тие работат во модерен бар наречен Coyote Ugly.

Таа се пронаоѓа во барот и ја убедува сопственичката Лил (Марија Бело) да ја викне на аудиција. Првата аудиција на Вајолет не помина добро; но по прекинување на тепачка помеѓу двајца муштерии, Лил се согласува да и понуди втора аудиција. На нејзината втора аудиција, Вајолет го полива со вода управникот на пожарната правејќи и штета на Лил од 250 долари. За да ја задржи нејзината работа таа мора да заработи 250 долари во една вечер. Кевин се појавува во барот за да и ја врати касетата на Вајолет, но завршува така што е продаден на аукција на една од девојките во барот. За да може да му се оддолжи на Кевин, Вајолет се согласува да оди на четири состаноци со него. Двајцата започнуваат врска.

Кевин се посветува себеси да и помогне на Вајолет да ја надмине тремата на сцена за да може да ја продаде својата музика. Се открива дека сценската трема Вајолет ја наследила од својата мајка, која исто така дошла во Њујорк за да стане пејачка. Исто така се открива дека Вајолет може да пее песни што не се нејзини. Ова го гледаме кога таа пее на шанкот во барот со цел да ги спаси Кеми и Рејчел кои пробуваат да прекинат тепачка помеѓу двајца муштерии.

Една вечер, еден гостин ја слика Вајолет среде секси движење полевајќи се со вода. Кога сликата ќе се појави во весник, татко и Вајолет ќе ја види и ќе и се налути. И покрај тоа таа продолжува да го следи својот сон, и настапува во Bowery Ballroom на „вечер на отворен микрофон“ заедно со „Којотите“ од салонот „Coyote Ugly“, нејзиниот татко, најдобра пријателка и Кевин, сите собрани таму како морална поддршка .

Изведбата се развива прилично добро и таа конечно добива договор со продуцентска куќа. Филмот завршува во Coyote Ugly салонот со Лин Рајмс, како „Којот“, пеејќи ја песната на Вајолет. Додека нејзиниот татко и Кевин ја гледаат од публика, Вајолет и се придружува на Рајмс.

Улоги[уреди | уреди извор]

Наслов[уреди | уреди извор]

Филмот бил заснован на една статија „Музата на барот Којот Агли“ во GQ од Елизабет Гилберт која работела како бармен во Ист Вилиџ. Барот кој се отворил во 1993 година, набрзо станал омилен кај хипстерите од Lower East Side.

Како што е споменато во филмот, жаргонскиот израз „агли којот“ се однесува на чувството на будење по помината ноќ и откривање на тоа дека твојата рака е под некој кој е многу физички одвратен и сам радо би си ја одгризал без да ја разбудиш личноста за да можеш да избегаш без да бидеш откриен. Којотите се познати по одгризување на екстремитети доколку се заглавени во стапица сè со цел да си го олеснат бегството.


Продукција[уреди | уреди извор]

Кевин Смит, кој ја направил неодобрената преработка на сценариото, изјавил дека вкупно осум писатели работеле на сценариото додека Писателите на Сојузот на Америка таа заслуга и ја даваат само на Џина Вендкос, која ја напишала првата скица на сценариото , која според Смит, едвај наликува на конечниот филм.

Набрзо, пред продуцентите да решат да доделат улоги во најголем број на непознати глумци, главната улога на Вајолет Сенфорд и била понудена на поп пејачката Џесика Симпсон, која ја одбила.

Прием[уреди | уреди извор]

Coyote Ugly во главно бил напаѓан од критичарите кои на него гледале како нешто повеќе од изговор да ја прикаже сликата на „жешки ,секси девојки како танцуваат во бар на натпревар на мокри маички “. Дури и askmen.com признава дека додека „неверојатно привлечна“ жени „парадираат со тој факт“ во филмот, „тоа е се што е“. Читателите на AskMen.com сепак го оценуваат филмот како 88/100. Моментално, има 22% рејтинг на Rotten Tomatoes врз основа на 95 прегледи. Ви-Ејч-1 направи извештај за појавувањето на Рајмс во филмот, изјавувајќи, „Рајмс која има само 17 години носела кожни панталони и тесен топ (горен дел) и дури и со лажна лична карта никогаш не би и било дозволено да влезе во било кој бар во Њујорк.

Неоценето издание[уреди | уреди извор]

Во летото 2005 година, неоценето специјално издание на филмот (оригиналното издание било оценето PG-13 и скратената верзијаоценета со R) било издадено на ДВД. Во подолгата верзија се додадени отприлика шест минути повеќе од времетраењето на филмот, од кои повеќето се состојат од додатни кадри од „којотите“ како танцуваат на шанкот, и како Вајолет и Кеми (Изабела Мико) пробуваат различни облеки додека купуваат. Веројатно, најзначајните додатоци се продолжувањата на секс сцената помеѓу Вајолет и Кевин (Пајпер Перабо користела двојник за тело за повеќето од сцените), како и вклучувањето на додатната сцена која покажува како „Којотите“ победуваат на софтбол натпреварот бидејќи Кеми му го одвлекува вниманието на фрлачот со соблекување. (Специјалните додатоци во продолжената ДВД верзија се идентични со оние од претходното ДВД издание.) Заработка Филмот започнува на четвртото место на Северно Американскиот бокс офис остварувајќи 17.3 милиони долари во викендот на премиерата веднаш зад Space Cowboys, Nutty Professor II: The Klumps and Hollow Man. Достигнува заработка од 60.7 милиони долари на домашен пазар и 53.2 милиони долари низ светот за вкупна заработка од 113.9 милиони долари ширум светот, станувајќи успех во кино салите.

Саундтрак[уреди | уреди извор]

Саундтракот на филмот ги вклучува четирите песни на Вајолет од филмот, изведени од Лин Рајмс и напишани од Дајен Ворен како и неколку други неекслузивни песни од филмот. Достигнува златен статус за еден месец од неговото издавање на 1 Август 2000 година и платинест статус на 7 Ноември 2000 година. На 18 Април 2001 година саундракот бил сертифициран како двојно платинест и на 9 Јануари 2002 година бил сертифициран како трикратно платинест.

Саундтракот бил сертифициран четирикратно платинест на 22 Јули 2008 година и бил сертифициран петкратно платинест (500 000 парчиња) во Канада во 2002 година. Три сингла биле издадени од саундтракот, сите три на Лин Рајмс, "Can't Fight the Moonlight", кој достигнал златен статус и станал речиси инстант хит на радио листите и достигнал 11то место на The Billboard Hot 100,"But I Do Love You" и "The Right Kind of Wrong".

На 28 Јануари 2003 година следува вториот саундтрак,”More Music from Coyote Ugly” , со повеќе песни кои се појавуваат на филмот и ремикси на две песни на Рајмс. Иако Пајпер Перабо била способна да пее за нејзиниот лик, било решено Лин Рајмс да го позајми својот глас за пеењето на Вајолет, но сепак со намерно отстапување од нејзините вокални способности. Ова значи дека за време на краткото појавување на Лин во филмот, таа успешно пее дует со себеси.