B-клетка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
B лимфоцит
Human B Lymphocyte (28942386960).jpg
Трансмисиона електонска микрографија на хумана B клетка
Податоци
СистемИмунолошки систем
Назнаки
Латинскиlymphocytus B
FMAFMA:62869

B-клетки, исто така познати како B-лимфоцити, се тип на бели крвни клетки од подтипот на лимфоцити.[1] Тие се компонента на стекнатиот имунолошки систем.[1] B-клетките создаваат антитела, кои не ги секретираат. Наместо тоа, тие ги прикачуваат на клеточната мембрана како дел од B-клеточните рецептори.[2] Кога наивна или мемориска B-клетка е активирана од страна на антиген, таа пролиферира и се диференцира во секретирачка ефекторна клетка на антитела, позната како плазмабласт или плазма-клетка.[2] Дополнително, B-клетките презентираат антигени (тие се класифицирани како антиген-презентирачки клетки (APCs)) и секретираат цитокини.[1] Кај цицачите, B-клетките созреваат во коскената срцевина.[3] Kaj птиците, B-клетките созреваат во посебен орган, бурса на Фабрициус, лимфоиден орган во кој за прв пат биле откриени од страна на Чанг и Глик,[3] (од каде доаѓа нивното име - B од бурса).

B-клетките, за разлика од другите две класи на лимфоцити, T-клетки и NK-клетки, вршат експресија на B-клеточни рецептори (BCRs) на нивната клеточна мембрана.[1] BCRs овозможуваат B-клетката да се врзе за специфичен антиген, против кого ќе иницира одговор.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Murphy, Kenneth (2012). Janeway's Immunobiology (изд. 8th.). New York: Garland Science. ISBN 9780815342434.
  2. 2,0 2,1 Alberts, Bruce; Johnson, Alexander; Lewis, Julian; Raff, Martin; Roberts, Keith; Walter, Peter (2002). „B Cells and Antibodies“. Molecular Biology of the Cell. 4th edition (англиски).
  3. 3,0 3,1 Cooper, Max D. (2015-01-01). „The early history of B cells“. Nature Reviews Immunology. 15 (3): 191–7. doi:10.1038/nri3801. PMID 25656707.