Alt атрибут
- За употребата на алт атрибути на Википедија, видете Википедија:Алтернативен текст за слики.
Alt атрибутот (англ. alt attribute) се користи во HTML и XHTML документи за назначување на алтернативен текст (alt текст) кој треба да се исцрта кога елементот на којшто се применува инаку не може да се прикаже. Во HTML 4.01, атрибутот е потребен кај ознаките img
и area
. Се користи незадолжително кај ознаката input
и застарената ознака applet
вон употреба.
Синтаксата за alt атрибутот е следнава:
<img alt="...">
<area alt="...">
или
<input alt="...">
Пример[уреди | уреди извор]
Еве една слика чиј alt атрибут е „На небото се вее црвено знаме со бел крст чија вертикална пруга е поместена кон јарболот“.

HTML-кодот за оваа слика може да биде нешто вакво:
<img alt="На небото се вее црвено знаме со бел крст чија вертикална пруга е поместена кон јарболот." src="http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/83/Dannebrog.jpg/180px-Dannebrog.jpg" width="180" height="135" />
Читателот со слаб вид кој користи екрански читач како JAWS или Orca ќе го чуе alt текстот наместо сликата. Текстуалните преистувачи како Lynx ќе го прикажат alt текстот наместо сликата. Графичките прелистувачи обично ги прикажуваат само сликите, а alt текстот го покажуваат само ако крисникот побара да ги види својствата на сликата. Многу графички прелистувачи можат да се наместат за да прикажуваат alt текст наместо слики.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Како се назначува алтернативен текст во HTML 4.01 (англиски)
- Поставање на текстуални еквиваленти за слики, од Dive Into Accessibility (англиски)
- Мини ЧПП за алтернативниот текст кај сликите од Ијан Хиксон (англиски)