Alienware

Од Википедија — слободната енциклопедија
Alienware Corporation
ВидSubsidiary of Dell
ДејностComputer hardware
Основано1996
СедиштеМајами
Клучни личности
Nelson Gonzalez, Founder
Alex Aguila, Founder
Arthur Lewis, General Manager
Frank Azor, EVP
ПроизводиDesktops
Notebooks
Peripherals
Вработени
~700 worldwide
Матично претпријатие
Dell, Inc.
Мреж. местоhttp://www.alienware.com

Елиенвер (анг. Alienware) е американска IТ-компанија која во целост ја поседува компанијата Дел (анг. Dell Inc.). Главно се занимава со дополнителна монтажа на десктопот и вградување на високи перформанси. Овие производи, исто така, поддруваат и интензивни графички апликации, како видео и аудио снимки и стимулација. Елиенвер се занимава и со продажба на свои оригинални преносни компјутери (лаптопи) И компјутерски периферни уреди, како слушалки, компјутерски глувчиња, монитори И тастатури. Елиенвер е основан во 1996 година од страна на Нилсон Гонсалес И Алекс Аквила. Главното седиште на Елиенвер се наоѓа во Кендал, Флорида, невладина област во Мајами-Дад западно од градот Мајами.

Историја[уреди | уреди извор]

Основана во 1996 година, компанијата Елиенвер се знимавала со монтажа на високоперформирани десктопи, преносни компјутери И работни станици. Според вработените, компанијата го добила името по омилената серија на основачите ,,Досие X", од каде што И потекнуваат имињата на моделите како Ареа-51, Хангар 18,м15x и Аврора.

На почетокот Елиенвер се занимавала само со изработка на хардверски конфигурации, додека денес е позната и по едноставните СФ (научно фантастичниот) дизајн. Компјутерите имаат невообичаен изглед, видно се разликуваат од останатите персонали компјутери по тоа што имаат вонземјански исглед (по што и го добиле името Аlien-Вонземјанин). Првично, Елиенвер е создадена поради недостатокот на пазарот од компјутери со вградени високи преформаси прилагодени за игри. Поради тогашната лоша дистрибуција на хардвери со високи перформанси, основачите на компанијата го формираа ОЕМ (Произведувачи на Оригинална Опрема), кои произведуваат лични сметачи со највисоки перформанси прилагодени според бенчмаркови кои исто така се разликуваат од останатите по својот основен дизајн.

Сегашен статус[уреди | уреди извор]

Компанијата Дел била заинтересирана за купување на Елиенвер уште од 2002 година, но договрот за купување е склучен во март 2006 година. Елиенвер го задржа својот автономен изглед во поглед на маркетингот И дизајнот . Во почетокот Дел го задржува својот натпреверувачки модел XPS кој исто така се занимава со перформаси за компјутерски игри и во исто време продава модели со иста спецификација, при сто Елиенвер доживува падови на пазарот, сè до пролетта 2008 година, кога компанијата прави извесни промени каде што извршните органи преземаат улоги и во производствениот сектор. Развитокот на PC игрите е во раководството на Дел, а Елиенвер станува главен бренд на игри во компанијата.

Свои организации[уреди | уреди извор]

Во октомври, 2002 година, Елиенвер основа своја филијала за Европа, Блискиот Исток и Африка. Седиштето се наоѓа во Атлон, Ирска. Во 2005 година ова компанија заработува $170 милиони. Од 2003 година имаат свои претставништва во Австралија, Канада, Франција, Германија, Велика Британија и Костарка. Елиенвер има свој телфонски центар во Костарика, којшто е добитник на бројни награди за својата работа . Елиенвер, меѓудругото, им овозможува на потрошувачите да го сменат стариот компјутерски хардвер како замена за кредит при добивање на нов хардвер. Овој проект е наречен АlienExcange Program. Карактеристично за Елиенвер е тоа што нивните производи единствено можат директно да се набават преку нивното мрежно место од Северна Америка, Европа И Нов Зеланд.

На 25ти март, 2009 година, Елиенвер изјави дека ќе ги затвори производствените бази во Атлон И Мајами.

Конкуренција[уреди | уреди извор]

Елиенвер веќе традиционално долго време се натпреварува со компании како што се Sager Notebook Cоmputers,Фалкон Норвест, ВуДу PC (којшто е дел од долгогодишниот конкурент на Дел, Hewlett-Packard)и други . Пред преземањето од Дел, Елиенвер долго време беше најголемиот конкурент на Dell XPS Gaming System-от.