707-ми Баталјон за посебни мисии
707-ми Баталјон за специјални мисии | |
---|---|
Оперативци од баталјонот Бел тигар | |
Активна | 17 април 1982 – денес |
Земја | Јужна КорејаСеверна Кореја |
Припадност | Влада на Северна Кореја |
Род | Армија на Јужна Кореја |
Вид | Специјална единица |
Улога | Кантер тероризам и спроведување на закон |
Големина | Околу 200 мажи и жени |
Штаб | Ичеон, Северна Кореја |
Прекари | Бел тигар |
707-от баталјон за посебни мисии е специјална единица во војската на Република Кореја (Специјална Воена Команда).
Историја
[уреди | уреди извор]Единицата била формирана по Минхенскиот масакар, кој ја принуди владата на Јужна Кореја да создаде контра-терористичка единица за време на Олимпијадата во 1988 што се одржала во Јужна Кореја. Единицата имала околу 200 мажи и жени организирани во две нападни групи, една група за поддршка, и женска група која може да ги користи како телохранители или за операции каде што е потребно да не бидат откриени.[1][2]
707-миот БСМ, исто така, е повикан од страна на владата на Јужна Кореја за да се даде приоритет на потенцијалните контра-терористички операции против сите можни закани на Јужна Кореја.[3] Единицата на Јужна Кореја има приоритет кон контра-терористички операции и брза реакција со употреба на сила. Војниците на единицата – познати по својата црна берета (пред стандардизација на црната берета за сите активни војници) – се задолжени со спроведување на урбаните контра терористички мисии, ја сочинуваат армијата и се дел од групата за брза-реакција и силата за итни случаи.[4] The battalion's nickname is 'White Tiger.'[5] Прекар на баталјонот е "Бел Тигар".
Модулот исто така имал мал број на жени во групата оперативци. Тие се користат во контра-терористички операции каде застапеноста на жената не се гледа како закана пред терористот.
Обука
[уреди | уреди извор]Процесот на приклучување обично вклучува регрути од различни гранки на вооружените сили на Република Кореја кои аплицираат и се обидуваат да станат членови на елитните сили. Други се избрани од страна на нивните претпоставени во разните гранки на војската и исто така квалифицираат како нивните колеги. Процесот на селекција е многу ригорозен. Првите кандидати ќе бидат подложени на проверка, а потоа ќе поминат 10-дневна процедура во која се елиминирани 90% од пријавените.
Сите членови на 707. се СКУБА и квалификувани падобранци. Се известува дека членовите често вршат дневни вежби на ниски температури во снег и ќе пливаат во ладни езера без никаква топлинска заштита.[6]
Баталјонот на 707-та специјална единица се обучува со странски партнери, како што се Делта силите на САД, ФБИ ХРТ, британски САС, руската Алфа група, францускиот ГИГН, канадскиот ЏТФ2, Хонгконг СДУ и сингапурскиот СТАР. Целта е да се доживеат и да се зголемат односите и размена со заедниците на меѓународните специјални сили.[7][8]
Баталјонот, исто така, поседувал и управувал со комплексна обука за борба против тероризмот за специјална воена команда на Армијата на Република Кореја и е домаќин на мулти-национална обука за борба против тероризмот.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ https://books.google.ro/books?id=FMgpdulJsGgC&pg=PA70&redir_esc=y#v=onepage&q&f=false
- ↑ https://sofrep.com/79009/special-forces-detachment-korea-south-korean-counter-terrorism-and-the-all-female-ct-company-part-14/
- ↑ Korean Forces Strengthen Counter-Terrorism Posture After al-Qaida Warning. Архивирано на 7 октомври 2008 г. Посетено на November 1, 2007.
- ↑ 707th. Архивирано на 6 април 2012 г. Посетено на May 25, 2011.
- ↑ Republic of Korea. Архивирано на 29 август 2017 г. Посетено на November 1, 2007.
- ↑ 707th South Korea. Архивирано на 6 април 2012 г. Посетено на May 25, 2011.
- ↑ 707th Special Missions Battalion. Посетено на November 1, 2007.
- ↑ Reports Discuss Korea's 707th Special Mission Unit. Архивирано на 22 октомври 2004 г. Посетено на November 1, 2007.
- ↑ Republic of Korea. Архивирано на 29 август 2017 г. Посетено на May 25, 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Извештај на specialoperations Архивирано на 4 декември 2005 г.