21 (филм)
„21 (21)“ | |
---|---|
Режисер | Роберт Лукетиќ |
Продуцент | Кевин Спејси Брет Ретнер Дана Брунети Мајкл де Луца |
Сценарист | Бен Мецрих Питер Стеинфилд Елен Лоб |
Главни улоги | Џим Стургес Кевин Спејси Кејт Босворт Лоренс Фишбурн Арон Јо |
Жанр | драма |
Музика | Дејвид Серди |
Дистрибутер | Columbia Pictures [1] |
Премиера | 28 март 2008 САД |
Времетраење | 123 мин. |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $35,000,000 |
Бруто заработка | $130,433,929 |
]]
21: Филм англиски: 21: The Movie е американски драма – филм на Роберт Лукетиќ од 2008 год. Филмот е во продукција на Columbia Pictures. Филмот е режиран од Австралијанскиот режисер Роберт Лукетиќ и со главни улоги на Џим Стургес, Кевин Спејси и Кејт Босворт. Филмот е инспириран спрема вистинска приказна од МИТ Блекџек Тимот. Исто така е адаптација на книгата од Бен Мецрих.
Садржај
[уреди | уреди извор]Студентот на МИТ', Бен Кембел е прифатен во Харвард Медицинското Училиште. Тој оди на интервју како потенцијален кандидат за престижната Робинсон Стипендија, која ќе плати за сите трошкови поврзани со школото. И покрај одличните резултати, како што се 1590 САТ партитура, и на МИТ ГПА 4,0, Бен кажа дека конкурсот за стипендија е многу жесток. Па поради тоа Бен мора да напише есеј кој ќе го одвои од другите.
На часот по математика, професор Мики Роса го тестира Кембел со три врати на променливи, кој Кембел успешно ќе ги разреши. Роса го повикува Бен да им се придружи на МИТ Блекџек Тимот на чело со Роса, која се состои од млади студенти Чои и Фишер и девојките Џил и Киана. Тие се специјализирани за играње со малку пари и да праќаат тајни сигнали (бројката збор на картата, раците и сигнали за почеток и застанување, и.т.н), и “големите играчи”, вклучувајќи и Бен, кои играат со голема количина на пари кога и да е математички очекува да биде профитабилен на темелот на пребројувањето. Кембел се противи, но на крајот му се придружува на тимот. После недела интензивна обука, Бен му дал тест во подземно казино, кој го поминува.
Тимот заминува во Лас Вегас. Настапот во казиното на Кембел го импресионира Роса, додека му прави љубомора на Фишер, еден од членовите во тимот. Една вечер, пијаниот Фишер седнува на масата кај Бен. Фишер почнува да му зборува како еден “ретардиран” може да освои толку пари. Тој тогаш почнува да се тепа со човекот кој седел на иста маса бидејќи Фишер ја истури чашата алкохол кон неговата жена. Додека тие се тепаат, главниот Кол Вилијамс го набљудува тимот, посебно Бен.
Назад во МИТ, Бен на неговата група од проектот за 2,09 натпреварот им дава неточен микрочип. Неговата екипа од најдобри пријатели го исфрла од проектот бидејќи е несериозен. Сето тоа прави тага кај Бен и на следното патување во Вегас тој се замислува и ги губи сите пари кои ги заработи преку ноќ. Разочараниот Роса, заминува, ветувајќи му на Бен дека ќе му надомести за целата загуба. Бен и неговата екипа продолжуават сами да заработуваат. Тие повторно одат во казиното и Вилијамс го забележува Бен и го киднапира и го удара, а потоа му овозможува да си оди но со грозно предупредување.
Бен се враќа на МИТ само за да си ги земе своите пари кои ги чувал во собата, но внатре нема ништо, дури ни парите. Бен се сомнева дека Роса е позади него, но не може да докаже ништо, така што тој добива една понуда: тој ќе ги освои изгубените пари, но само со помош на Роса. Бен и остатокот од БлекЏек Тимот се враќаат во Вегас во Планет Холивуд. Тие освојуваат $650,000 но Вилијамс ги пронаоѓа и пак ги фаќа. Додека тие бегаат Бен му ги дава чоколадните жетони на Роса додека вистинските жетони ги зема тој, сепак тој заедно со Џил Тејлор успева да избега, додека Роса е фатен на дело од Вилијамс.
Роса му ја дава ќесата на Вилијамс но испаѓа дека таа е погрешната, сепак Вилијамс веќе 10 години е во потрага по него и го фаќа. Вилијамс му се заблагодарува на Бен за помошта. Бен ја заклучува својата приказна со следното броење: тој ја освоил среќата двапати и двата беа украдени. Сигурен во себе, успеа да го замати Регрут. На крајот, Бен е прикажан како чекори по Харвард Медицинското Училиште.
Главни улоги
[уреди | уреди извор]Глумци | Ликови |
---|---|
Џим Стургес | Бен Кембел |
Кевин Спејси | Мики Роса |
Кејт Босворт | Џил Тејлор |
Колин Енгл | Професор Хенс |
Лоренс Фишбурн | Кол Вилијамс |
Арон Јо | Чои |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „21 (2008)“. AFI Catalog of Feature Films. Посетено на 23 March 2021.