15 (загатка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Загатката е решена кога броевите ќе бидат подредени редоследно од најмал до најголем

15, позната и како петнаесетка или мистично полелизгачка загатка којашто се состои од рамка со плочки означени со броеви, поставени во случаен редослед со едно празно поле. Целта на загатката е, со лизгање на плочките означени со броеви низ празното поле, да се подредат редоследно од онаа со најмал до онаа со најголем број.

Загатката се јавува и во други големини, од кои особено е позната онаа под називот „8“. Така на пример, ако рамката е со димензии 3×3, тогаш таа се нарекува „8“; ако е со димензии 4×4, тогаш се нарекува „15“; а ако е со димензии 5×6, тогаш се нарекува „29“.

Примена[уреди | уреди извор]

Загатката служи како класичен проблем за моделирање на хевристички алгоритми. Често применувани хевристички методи за овој проблем се пребројување на бројот на погрешно поставени плочки и пресметување на збирот на растојанието меѓу погрешната и целната поставеност. Притоа, обата методи се изводливи, т.е. тие никогаш не го преценуваат бројот на преостанати потези, што овозможува оптималност за некои пребарувачки алгоритми како што е на пример алгоритмот А*.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Korf, R. E. (2000), „Recent Progress in the Design and Analysis of Admissible Heuristic Functions“ (PDF), Во Choueiry, B. Y.; Walsh, T., Abstraction, Reformulation, and Approximation (PDF), SARA 2000. Lecture Notes in Computer Science, vol. 1864, Springer, Berlin, Heidelberg, стр. 45–55, ISBN 978-3-540-67839-7, doi:10.1007/3-540-44914-0_3, конс. 2010-04-26 

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]