Шњардви
Шњардви | |
---|---|
Поглед на езерото Шњардви | |
Подрачје | Мазурско Поезерје |
Координати | 53°46′N 21°45′E / 53.767° СГШ; 21.750° ИГД |
Вид | ледничко |
Сливни земји | Полска |
Најг. должина | 22,1 км км |
Најг. ширина | 13,4 км км |
Површина | 113,8 км2 км2 |
Прос. длабочина | 6,5 м м |
Најг. длабочина | 23 м м |
Зафатнина | 0,65 км3 км3 |
Надм. височина | 117 м м |
Острови | 8 |
Шњардви (полски: Śniardwy; германски: Spirdingsee, Шпирдингзе) — езеро во Мазурското Поезерје, Варминско-мазурско Војводство, Полска. Претставува најголемо езеро во Полска со површина од 113,8 км2. Долго е 22,1, а широко 13,4 км. Најголемата длабочина изнесува 23 метри. Во езерото се наоѓаат осум острови.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Шњардви настанало со повлекувањето на мразот и исушувањето на истечните води како последица на повлекувањето на ледникот. Меѓу осумте острови се: Шероки, Чарци, Виспа Пајенча, Виспа Качор и други. Околни населби се Попјелно, Глодово, Њеѓвјеѓ Руг, Окартово, Нове Гути, Зденгово и Лукнајно.[1]
Помеѓу многуте островчиња, две се именувани како посебни езера: Варнолти и Сексти. Шњардви е поврзано со следниве езера: Тухлин, Лукнајно, Миколајско, Рош, Бјалолавки и Тиркло. Опкружено од ситем на канали познати како „Мазурски Канали“ (Kanały Mazurskie), со бројни засуни. Заедно го образуваат Мазурското Поезерје.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Śniardwy, at the International Lake Environment Committee webpage“. Архивирано од изворникот на 2010-08-22. Посетено на 2016-04-26.
Литература
[уреди | уреди извор]- J. Szynkowski, Mazury. Przewodnik, Kengraf Kętrzyn, 2003
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија место во Полска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |