Шпедитер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шпедитерот е субјектот кој го организира транспортирањето на стоките, тој самиот не ги вози. Негова основна функција е благовремено и без штети да ги изврши сите работи(осигурување, царина, складирање) да ги транспортира стоките и за таа цел ангажира возач(превоз) и да се грижи за стоката за време на превозот до крајното место на истовар. Шпедитерот може да го изврши превозот и со сопствени возила, но најчесто тоа го прави со шпедитерски комитенти, кои најчесто се индустриски и трговски претпријатија (друштва), кои помагаат за да може стручно да се користат транспортните услуги.