Шон Мендес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шон Питер Раул Мендес
Биографски податоци
Роден(а)8 август 1998
Канада Торонто (Онтарио)
Жанровипоп
Инструментигитара, вокал, клавир
Период на активност2013 - сè уште
Мреж. местоhttp://www.shawnmendesofficial.com/

Шон Питер Раул Мендес (англ. Shawn Peter Raul Mendes; 8 август 1998) е канадски пејач и текстописец. Тој станал познат во 2013 кога започнал да става видеа на апликацијата Вајн. Наредната година, тој склучил договор со дискографската куќа Ајленд Рикордс.

Неговата песна Stitches  достигнала до топ 10 во Америка и Канада, но и прво место на топ-листата во Велика Британија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Шон е роден во Торонто, Онтарио, како син на Карен, агент за недвижнини, и Мануела Мендез, бизнисменка. Татко му бил Португалец од Алгарве, а мајка му Англичанка. Има помала сестра Елија. Израснал во Пикеринг, каде што учел средното училиште Пајн Риџ.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

2014-денес[уреди | уреди извор]

Популарноста ја стекнал преку познатата друштвена апликација за споделунање видеа, Вајн, поставувајќи кавери на песни од траење на шест секунди, каде стекнал над милиони прегледи и исто толку следачи за само неколку месеци. Од август 2014, бил трет Вајн музичар со најголем број следачи. Својот прв сингл „Живот на забавата“ (Life of the Party) го објавил во јуни истата година. Со тоа станал најмладата особа која дебатирала на топ 25 Билборд 100 листата.

Пред да склопи договор со Ајленд Рикордсом, Шон отишол на турнеја како член на MagCon Tour, заедно со другите млади уметници. На турнејата со Остин Махонео отишол како предгрупа, издавајќи го својот деби ЕП во јули истата година, каде достигнал петто место на Билборд 200 листата, продавајќи 48.000 копии во првата недела. Ја освоил наградата Тин Чојс во категоријата Музичка веб звезда.[2]

На 14 април 2015 година, Шон го објавил свој деби албум Handwritten кој достигнал прво место на Билборд 200 листата, продавајќи 106.000 копии во првата недела. Како најуспешен сингл од албумот се издвојува песната Stitches, која достигнала топ 10 во Америка и Канада, но и прво место на топ-листите во Велика Британија.  Песната Believe ја снимил за Дизниевиот телевизискиот филм Descendants. Потоа отишол на турнеа со Тејлор Свифт, исто така како предгрупа.

Во 2015, со Камила Кабело објавил сингл I Know What You Did Last Summer. Во јануари 2016, синглот Stitches достигнал прво место во Велика Британија. Подоцна ја најавил својата друга турнеја по Северна Америка и Европа, која започнала во март 2016.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

  • Handwritten (2015)
  • Illuminate (2016)

Синглови[уреди | уреди извор]

  • Life of the Party (2014)
  • Something Big (2014)
  • Stitches (2015)
  • I Know What You Did Last Summer (2015) (дует са Камилом Кабељо)
  • Treat You Better (2016)
  • Mercy (2016)
  • There's nothing holding me back (2017)

Турнеи[уреди | уреди извор]

Предводник[уреди | уреди извор]

  • ShawnsFirstHeadlines (2014-2015)
  • Shawn Mendes World Tour (2016)
  • Illuminate World Tour (2017)

Ко-предводник[уреди | уреди извор]

  • Jingle Ball Tour 2014 (са разним уметницима) (2014)
  • Jingle Ball Tour 2015 (са разним уметницима) (2015)

Предгрупа[уреди | уреди извор]

  • Live on Tour (Остин Махоне) (Северна Америка) (2014)
  • The 1989 World Tour (Тејлор Свифт) (Северна Америка) (2015)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Shawn Mendes: How a six-second video launched the next Justin Bieber“. Telegraph.co.uk. 16. 01. 2015. конс. 27. 01. 2015. 
  2. Brown, Harley (4. 06. 2014). „Vine Superstar Shawn Mendes Signed to Island Records (Exclusive)“. Billboard.