Шепнувачот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шепнувачот
Корица на оригиналното издание, 2009.
АвторДонато Каризи
Изворен насловIl suggeritore
ПреведувачГорица Попова од англиски јазик
ЗемјаИталија
Јазикиталијански
ЖанрРоман
ИздавачLonganesi за оригиналот, Матица Македонска во Македонија
Издадена
2009 (Италија), 2011 (Македонија)
Страници597 страни (македонското издание)

„Шепнувачот“ (италијански: Il suggeritore) е првиот роман од италијанскиот писател Донато Каризи. Книгата е издадена во 2009 година од Лонганези (италијански: Longanesi) co ISBN 8-830-42644-X. Македонскиот превод е од Горица Попова во издание на Матица Македонска од 2011 година.

Фабула[уреди | уреди извор]

Во непозната земја се пронајдени гробишта на детски леви раце. Во претходните денови има серија на киднапирања на мали девојчиња на возраст од 9 до 13 години. За решавање на случајот на помош на специјалната единица е додаден киминологот Д-р Горан Гавила. Но, со понатамошните анализи на теренот се открива уште една детска рака, ампутирана на начин поинаков на од другите, така што последното дете останува живо. На тимот му се приклучува и експертот за детски грабнувања, агентот Мила Васкес. Приказната ги открива грозните злосторства на повеќе криминалци од минатото на градот, полека приближувајќи му се на серискиот убиец, одговорен за смртта на петте девојчиња. Роман кој ќе ве натера да го читате без здив до псоледната страница.[1]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  1. „Шепнувачот“; КАРИЗИ, Донато; Матица Македонска; 2011