Шемара Викраманајаке
Шемара Викраманајаке (родена 1962 година) е австралиска бизнисменка. Ја започнала својата кариера како адвокат, а потоа била и банкар. Во 2018 година, станала извршен директор и на Macquarie Group Ltd. Таа се залагала за зголемување на производството на обновлива енергија и исто така ги повикала владите четирикратно да го зголемат производството на обновлива енергија до 2030 година со намера да ги минимизираат последиците од глобалното затоплување.[1][2][3]
Викраманајаке добила вкупно 23,7 милиони американски долари како компензација во 2022 година, што ја прави најплатена извршна директорка во Австралија втора година по ред.[4][5]
Кариера
[уреди | уреди извор]Викраманајаке работела како корпоративен адвокат во Blake Dawson Waldron пред да се приклучи на Macquarie Group Ltd во 1987 година.[6] Била на чело на корпоративното советодавно биро на Macquarie во Нов Зеланд, а исто така имала клучна улога во основањето на корпоративните советодавни канцеларии во Хонгконг и Малезија. Таа работела со Macquarie Capital скоро 20 години и била назначена за раководител на Macquarie Asset Management во 2008 година и како и на чело на групата за управување со средства на компанијата повеќе од една деценија.[7]
Во декември 2018 година, таа го заменила Николас Мур како извршен директор на групацијата Macquarie. Пред ова, Викраманајаке била раководител на групата на Macquarie Asset Management.[8] Таа, исто така, станала првата жена извршен директор на Macquarie Group.[9]
Во 2018 година, била назначена за комесар на Глобалната комисија за адаптација, комисија иницирана од Светска банка за спроведување и забрзување на акциониот план за адаптација на климата. Во 2019 година, била назначена во Иницијативата за лидерство на ОН за климатски финансии од Мајкл Блумберг.
Таа е единствената жена извршен директор меѓу 20-те најголеми австралиски компании по пазарна вредност[8] и австралијка со азиско потекло која раководела со компанија на берзата ASX 200.[10] Во 2019 година, Викраманајаке исто така влегла во книгата на рекорди како првата жена што станала извршна директорка со најголема заработка во Австралија.[11]
Таа исто така била еден од говорниците кои присуствувале на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени во 2021 година која се одржала во Глазгов и зборувала за мобилизирање на приватните климатски финансии за пазарите во развој.[12][13] Нејзиното присуство на меѓународната конференција за климата во Глазгов Г20 ја издигнало нејзината репутација и ги истакнало нејзините зелени ингеренции додека таа седеле до австралискиот премиер Скот Морисон. Викраманајаке првично била наведена како де факто лидер на австралиската делегација за време на самитот COP26, бидејќи почнале да кружат гласини дека Морисон веројатно нема да присуствува на конференцијата.[14]
Таа, исто така, дава совети и консултации за инвестиции во зелена технологија за Владата на Австралија.[15]
Викраманајаке, исто така, била назначена за копретседател на иницијативата за лидерство за климатски финансии во Индија.[16][17]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Grieve, Charlotte (2021-10-05). „'Reduce bottlenecks': Macquarie boss wants to up the ante on renewables“. The Sydney Morning Herald (англиски). Посетено на 2022-02-10.
- ↑ „Cut red tape to boost green energy, says Macquarie boss“. Australian Financial Review (англиски). 2021-10-05. Посетено на 2022-02-10.
- ↑ „'Normalise as the year progresses': Macquarie CEO Shemara Wikramanayake on Australia's economic recovery“. Women's Agenda (англиски). 2021-05-05. Посетено на 2022-02-10.
- ↑ „Revealed: Australia's 50 highest-paid CEOs in 2022“. Australian Financial Review (англиски). 2022-12-08. Посетено на 2022-12-09.
- ↑ „Red-hot Macquarie chases $106trn prize“. Australian Financial Review (англиски). 2022-02-08. Посетено на 2022-02-10.
- ↑ Flood, Chris (4 December 2017). „Shemara Wikramanayake has 'never sold a Macquarie share in 30 years'“. Australian Financial Review. Посетено на 26 July 2018.
- ↑ „Shemara Wikramanayake“. Forbes (англиски). Посетено на 2022-02-10.
- ↑ 8,0 8,1 Steffens, Miriam (26 July 2018). „Nicholas Moore to retire as Macquarie CEO as Wikramanayake steps up“. Sydney Morning Herald. Посетено на 26 July 2018.
- ↑ „Macquarie Group appoints first female chief executive“.
- ↑ Blakkarly, Jarni (26 July 2018). „Shemara Wikramanayake: Who is the Macquarie Group's first female CEO?“. SBS News. Посетено на 26 July 2018.
- ↑ „Shemara Wikramanayake tops Australia's highest-paid CEO list“. www.adaderana.lk (англиски). Посетено на 2022-02-10.
- ↑ Shemara Wikramanayake, speaking at the G20 International Conference on Climate | Macquarie Group (англиски), Посетено на 2022-02-10
- ↑ „United Nations Climate Change Conference - COP26 | Macquarie Group“. Macquarie (англиски). Посетено на 2022-02-10.
- ↑ „Macquarie to fill the void at COP26“. Australian Financial Review (англиски). 2021-10-07. Посетено на 2022-02-10.
- ↑ „Shemara Wikramanayake | 2020 Most Powerful Women International“. Fortune (англиски). Посетено на 2022-02-10.
- ↑ „Meet The Members Of Climate Finance Leadership Initiative (CFLI) India“. planet.outlookindia.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-02-10. Посетено на 2022-02-10.
- ↑ „Wikramanayake to lead billion-dollar push for green energy in India“. Australian Financial Review (англиски). 2021-09-02. Посетено на 2022-02-10.