Шарена Чешма (Прилеп)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шарена чешма е едно од градските маала во Прилеп. Опфаќа делови од улиците Кире Пајмакоски, Кеј Први мај, херој Карпош и Браќа Ламески. Урбанистички гледано овој дел од градот се наоѓа во урбанистичка единица 9, заедно со старата градска чаршија а во деталниот урбанистички план се води како Прва екстра зона. Името на ова маало е добиено токму поради Шарената чешма која е изградена пред повеќе од 100 години, а пред дваесетина години е преправена, врзана на прилепскиот водовод и обновена со мермерни плочи и украсена со шарени цртежи.