Шангајските витези

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Шангајските витези“ (англиски: Shanghai Knights) — американски филм од 2003 година, во режија на Дејвид Добкин (David Dobkin) по сценариото на Алфред Гау (Alfred Gough) и Мајлс Милар (Miles Millar). Главните улоги ги играат: Џеки Чен (Jackie Chan), Овен Вилсон (Owen Wilson), Фан Вонг (Fann Wong), Томас Фишер (Thomas Fisher), Ејдан Гилен (Aidan Gillen) и Дони Јен (Donnie Yen). Овој филм претставува продолжение на „Шангајско пладне“ при што и двата филма постигнале голем комерцијален успех, благодарение на спојот на хуморот, акцијата и беспрекорната боречка кореографија.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

На преминот на 19 во 20 век, лордот Ретбоун и неговите кинески помошници влегуваат во Забранетиот град и го крадат царскиот печат, убивајќи го неговиот чувар. Ќерката на убиениот чувар, младата Чон Лин (ја игра Вонг) го известува својот брат Чон Ван (го игра Чен), кој работи како шериф на Дивиот Запад. Ван веднаш оди во Њујорк, а оттаму, заедно со пријателот Рој О’Бенон (го игра Вилсон), заминува во Лондон, каде веќе се наоѓа Лин. Во Лондон, двајцата завршуваат в затвор, но веднаш се ослободени, а набргу од затворот бега и Лин, која е затворена поради обид за убиство на лордот Ретбоун. Ван и Рој спроведуваат истрага и откриваат дека лордот е поврзан со кинеските боксери и дека планира да стане новиот англиски крал. Истовремено, меѓу Рој и Лин се развива љубов на прв поглед...

Наводи[уреди | уреди извор]