Шалако
Изглед
„Шалако“ (англиски: Shalako) — американско-германски филм од 1968 година во режија на Едвард Дмитрик (Edward Dmytryk), по сценариото на Џејмс Грифит (James Griffith). Филмот е снимен според романот на Луј Ламур (Louis L'Amour). Главните улоги ги играат: Шон Конери (Sean Connery), Брижит Бардо (Brigitte Bardot), Стивен Бојд (Stephen Boyd).[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Ловецот и трагач Шалако (го игра Конери) треба да спаси една група европски аристократи, меѓу кои се наоѓа и убавата грофица Ирина Лазар (ја игра Бардо), кои се во опасност поради бунтот на Индијанците...