Човекот од Ларами

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Човекот од Ларами“ (англиски: The man from Laramie) — американски вестерн-филм од 1955 година, во режија на Ентони Мен (Anthony Mann), според сценариото на Филип Џордан (Philip Jordan) и Френк Барт (Frank Burt), засновано врз краткиот расказ на Томас Т. Флин. Во главните улоги настапувааат: Џејмс Стјуарт, Артур Кенеди, Доналд Крисп, Алекс Никол и Кети О’Донел. Филмот го претставува петтиот и последен заеднички вестерн на Мен и Стјуарт, како и нивниот седми заеднички филм, воопшто. Филмот се смета за ремек-дело на вестернот и се одликува со возбудлива приказна, впечатливи ликови и врвна режија. Исто така, треба да се одбележи и големата способност на режисерот во прикажувањето на сцените од природата. Според повеќе критичари, филмот претставува вестерн-верзија на Шекспировото дело „Кралот Лир“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Двајца каубои, Вил Локарт (го игра Стјуарт) и неговиот стар помошник Чарлс О’Лири (го игра Форд), минувајќи ја територијата што ја контролираат Апачите, доаѓаат во мало место носејќи производи за продавницата на Барбара Вагоман (ја игра О’Донел). Меѓутоа, Вил не доаѓа во градот само за да ги превезе производите, туку сака да го пронајде човекот кој им го продал оружјете на Апачите кои извршиле масакр врз американските војници во кој погинал и неговиот помал брат...

Наводи[уреди | уреди извор]