Четирирога антилопа (Tetracerus quadricornis) е мала антилопа што живее во Индија и Непал.
Мажјакот на четирирогата антилопа има два пара рогови, што претставува единствен случај кај шупливорогите преживари. Предните рогови, долги од 3 до 4 см се за половина пократки од задните. Малку се занае за навиките на оваа плашлива и брза антилопа. Таа пасе трева, шавар и други растенија на шумските ритчиња, а тоа главно во близина на вода. Испушта тивки свирежи или лае кога предупредува на опасност. Кафеава е и има темна пруга на предната страна од секоја нога, а муцката и ушите и се црни.
↑Mallon, D.P. (2008). „Tetracerus quadricornis“. IUCN Red List. Version 2010.4. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 25 March 2011.
↑Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име mammal.