Чај од јасмин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чај од јасмин

Други називиМешан чај


Цветови од јасмин за додавање во чај

Чај од јасмин е чај со цветови од јасмин. Неговата историја датира од времето на Сунг династијата (960-1279). Зелениот или белиот чај обично се користат како основа за чај од јасмин. Чајот со цветови од јасмин има суптилна слатка арома. Ова е најпопуларниот миризлив чај во Кина.[1]

Се верува дека јасминот бил донесен во Кина од Персија во 2-5 век.[1] Се одгледува на големи надморски височини во планините.

Чајот од јасмин се произведува во провинциите Хунан, Џјиангсу, Џјангшји, Гуангдонг, Гуангси и Џеѓанг.[1] Чајот од провинцијата Фуџјиан ужива најдобра репутација.[2]

Начин на подготвување[уреди | уреди извор]

Специјално одгледани сорти на јасмин се користат за производство на висококвалитетен чај од јасмин.

Постојат два главни начини на подготовка на овој чај, кои се познати уште од античко време.

Првиот метод: Цветовите од јасмин заедно со листовите од чајот се третираат термички еден ден.

Вториот метод: листовите од чај и цветовите од јасмин се чуваат измешани заедно сто дена или повеќе, по што јасминот потоа се отстранува од чајот. Со овој начин на подготовка, чајот воопшто не ги губи своите корисни квалитети, но мануелната работа со овој начин на подготовка на чајот ја зголемува и цената на финалниот производ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Lou, Mary, and Robert J. The story of tea: a cultural history and drinking guide. Ten Speed Pr, 2007. Retrieved Oct. 23, 2010, from
  2. Gong, Wen. Lifestyle in China. 五洲传播出版社, 2007. Retrieved Oct. 23, 2010, from