Црква „Св. Константин и Елена“ - Моноспитово
Свети Константин и Елена | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Струмичка |
| Архијерејско намесништво | Струмичко |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°24′58″N 22°45′17″E / 41.41611°N 22.75472°E |
| Место | Моноспитово |
| Општина | Босилово |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Свети Константин Света Елена |
| Изградба | 1838 |
| Живопис | 1858 |
| Зограф | Андон Петров |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | трикорабна псевдобазилика |
| Стил | доцнопреродбенички |
Свети Константин и Елена — главна селска црква во струмичкото село Моноспитово, Македонија.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.
Историја
[уреди | уреди извор]Била изградена во 1838 година[2] и е најстара црква во регионот. Според други информации, црквата била изградена во 1834 година, а била доградена во 1837 година.[3]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Храмот има облик на трикорабна псевдобазилика со рамен дрвен таван на три кораби.[4]
Првобитно, тремовите на црквата биле подигната на сите страни во облик на буквата „П“, но бидејќи јужната страна немала никаква функција при неодамнешната реконструкција на црквата, истиот трем бил изоставен.[5]
Апсидата на црквата е уште подекоративно конципирана, што е видливо како резултат на моменталните заштитни активности во црквата за што сите фасади се соголени од малтерните облоги. Имено, апсидата на моноспитовската црква е расчленета со седум високи, а плитки, удвоени ниши, разделени со широки пиластри, поставени врз сосем ниско цокле. Лаците на нишите се изведени од тула, како и либажните слоеви за израмнување и лаците над прозорците, додека преостанатата ѕидарија е изработена од кршен камен во нерамномерен слог, со исклучок на аглите на наосот, влезните портали и прозорските отвори.[6]
Градбата на црквата е во добра состојба. Во 2022 година биле вршени реконструктивни зафати на црквата. Како несоодветни елементи се забележуваат поставените клима-уреди и парното греење.[3]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Црквата била живописана во 1858/59 година од зографот Андон Петров Ангелков. Внатрешноста на црквата е живописана само во горните партии и тоа над капителите од колоните во средниот кораб, на јужниот и северен ѕид и во олтарниот простор.[3]
Живописот е во лоша состојба.[3]
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Во црквата работел зографот Никола Михајлов, кој во 1860 година изработел неколку празнични икони, додека Андон Петров во 1858 година ги изработил престолните икони.[7]
Одделни икони биле подарок од Илјо Младеновиќ, од Велко Пановиќ од селото Габрово и од Дино Манчо — од Бориево, од Коте Годев.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Ниша над главниот влез
- Апсидата
- Гробен споменик
- Влезната порта
- Камбанаријата
- Поглед на црквата
- Споредниот влез
- Слика над споредниот влез
- Помошен објект
- Поглед на црквата
- Базен за верски обреди
- Чешма во дворот
- Внатрешноста
- Иконостасот
- Внатрешноста
- Натпис на грчки јазик во црквата
- Таванот
- Припратата (север)
- Припратата (запад)
- Главниот влез
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 202.
- 1 2 3 4 „Св. Константин и Елена“. monitoring.icomos.org.mk. Посетено на 2026-02-17.
- ↑ Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 203.
- ↑ Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 204.
- ↑ Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 208.
- ↑ Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 218.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Црква „Св. Константин и Елена“ - Моноспитово“ на Ризницата ? |


