Црвено-поткрила дебелоглавка
Изглед
Црвено-поткрила дебелоглавка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Spialia |
Вид: | Црвено-поткрила дебелоглавка |
Научен назив | |
Spialia orbifer (Hübner, [1823])[1] | |
Синоними | |
|
Црвено-поткрила дебелоглавка (Spialia orbifer) е пеперуга од семејството на дебелоглавки. Пеперугата живее и во Македонија.
Опис
[уреди | уреди извор]Пеперугата живее во умерени предели од југоисточна Европа до Кореја. Пеперугата претпочита стрмни предели, тревни падини.
Понекогаш оваа пеперуга била третирана како подвид на Spialia sertorius, но сепак може да се разликува по маслинестата нијанса на долната страна.
Распонот на крилјата е од 24 до 28 мм.[2] Возрасните единки летаат од април до август и имаат една генерација годишно.[3]
Ларвите се хранат со Rubus idaeus, Sanguisorba officinalis, Sanguisorba minor и Potentilla gelida.
Подвидови
[уреди | уреди извор]- Spialia orbifer orbifer (од југоисточна Европа до југозападен Сибир, северен Иран и Сицилија)
- Spialia orbifer hilaris (Staudinger, 1901) (југосточна Турција, Либан, Израел, Јордан, северен Ирак и западен Иран)
- Spialia orbifer carnea (Reverdin, 1927) (Авганистан)
- Spialia orbifer lugens (Staudinger, 1886) (Тјан-Шан, источен Иран, Касписко Езеро, јужен Сибир и Амирски регион)
- Spialia orbifer pseudolugens P. Gorbunov, 1995 (Алтај и Урал)
Наводи
[уреди | уреди извор]- Whalley, Paul - Mitchell Beazley Guide to Butterflies (1981, reprinted 1992) ISBN 0-85533-348-0
- ↑ Spialia, Site of Markku Savela
- ↑ „Captain's European Butterfly Guide“. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на 2022-02-03.
- ↑ Russian Insects
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |