Ценовна дискриминација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ценовна дискриминација претставува продажба на ист производ по различни цени за различни купувачи. Суштината на дискриминацијата се состои во поделба на купувачите во различни класи кои се одликуваат со различна еластичност на побарувачката, а тоа е можно само ако производот се продава на различно место или во различно време. Најчистата форма на ценовна дискриминација постои кај производите кои не можат да се пренесат на друг купувач (на пример, медицинските услуги).[1]

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Покрај стандардната дефиниција спорд која ценовна дискриминација претставува продажба на ист производ по различни цени, таа може да се дефинира и како продажба на два или послични производи по цени кои се наоѓаат во различен однос со маргиналниот трошок. На пример, книгата во тврд повез може да се продава многу поскапо од книгата со обични корици, иако маргиналните трошоци за овие два производа не се разликуваат толку многу. Според тоа, ценовна дискриминација постои ако е задоволено следново неравенство:[1]

p1MC1p2MC2

каде: p1 и p2 се цените на два производа, а MC1 и MC2 се нивните маргинални трошоци.
Слична друга слична дефиниција, ценовната дискриминација постои ако разликата меѓу цените на производите не е еднаква на разликата меѓу маргиналните трошоци:[1]

p1 = p2MC1 и MC2

Секој случај кога еден ист производ се продава по различни цени не претставува ценовна дискриминација. На пример, банката наплаќа пониска каматна стапка на поголем кредит во споредба со каматната стапка на помал кредит, зашто трошоците за помалиот кредит се поголеми. Од друга страна, дури ако еден ист производ се продава по иста цена, тоа може да претставува ценовна дискриминација. На пример, ако за основно предавање кое се изведува во голема група универзитетот наплаќа иста цена како за напредно предвање кое се изведува во мала група, тоа е случај на ценовна дискриминација.[2]

Услови за ценовна дискриминација[уреди | уреди извор]

Основниот услов за ценовна дискриминација е да постојат различни класи потрошувачи чија побарувачка се одликува со различна еластичност при што тие класи можат да се разделат по разумен трошок. Овој услов може да биде задоволен во повеќе случаи, како: потрошувачите имаат различен доход, производите да немаат добри супститути, фирмата да се соочува со конкуренти на едне пазар (на пример, светскиот) а да нема конкуренти на друг пазар (на пример, домашниот), потрошувачите имаат различни вкусеви.[3]

Максимизација на профитот при ценовна дискриминација[уреди | уреди извор]

Ако фирмата применува ценовна дискриминација, таа го максимизира профитот само ако е еднаков маргиналниот приход на секој одделен пазар. Притоа, вкупниот маргинален приход на фирмата (збирот на маргиналните приходи остварени со продажба на одделните класи купувачи) треба да биде еднаков на маргиналниот трошок. Овој услов може да биде задоволен само ако производот се продава на два независни пазари, т.е. побарувачката на едниот пазар не зависи од цената на другиот пазар, услов кој се среќава многу ретко. Всушност, теоријата на ценовната дискриминација е само специјален случај на теоријата на монополот кој продава различни производи. Оттука, ако пазарите на кои се продава истиот прозивод не се независни, тогаш тие треба да се третираат како блиски супститути и во тој случај се применува теоријата на повеќекратни производи. Според неа, монополот го максимизира профитот ако го изедначи маргиналниот приход со маргиналниот трошок за секој производ одделно. Но, ако производите се поврзани, тогаш треба да се пресмета коригираниот маргинален приход, т.е. да се земат предвид ефектите што цената на еден производ ги предизвикува врз продажбата на другите производи.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 George J. Stigler, The Theory of Price, third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 209.
  2. George J. Stigler, The Theory of Price, third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 209-210.
  3. George J. Stigler, The Theory of Price, third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 210.
  4. George J. Stigler, The Theory of Price, third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 211-213.