Прејди на содржината

Хумидор

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хјумидор)
Хумидор во подготовка за употреба
Наполнет хумидор

Хумидор (од шпански: humidor = „навлажнувач“) може да биде било кој вид на кутија или соба со постојана влажност (и често, температура), која се употребува за складирање на пури. За приватна употреба се употребуваат мали кутии од дрво или акрилно стакло за неколку дузини пури, додека продавниците за пури имаат соби-хумидори кои понекогаш ја сочинуваат целата продавница. Хумидорите од сите големини користат влагомери за запазување на нивото на влажност.

Одржување

[уреди | уреди извор]

Идеалната влажност во хумидорот е 65-70%, при полна кутија. Што помалку пури има во кутијата, тоа повеќе влажноста опаѓа.

Хумидорите се прават од дрвото мирислива цедрела (Cedrela odorata) или од пластика. Шпанскиот кедар е прикладен за зреење (одлежување) на пури од три причини.

  1. Држи повеќе влага од речиси сите други дрва, така одржувајќи ја влажноста.
  2. Дрвото ја оддава својата арома на пурите ако се чуваат доволно долго. Затоа некои пури се обложени со фурнир од шпански кедар. Мешачите на тутун го користат за да му дадат екстра димензија и арома на тутунот.
  3. Шпанскиот кедар понекогаш ги одрвратува тутуновите буби, иако има случаи каде бубите го имаат пробиено дрвото. Овие милиметарски бубачки можат да ја уништат целата залиха на пури. Тие го јадат тутунот и лежат јајца, предивикувајќи понатамошна наезда. Овие бубачки може да се одвратат со поставање на хумидорот на темпратура не поголема од 20 °C бидејќи нивните јајца можат да се изведат само при минимална температура од 25 °C, иако постојат случаи кога тие се имаат изведено при пониски температури, доколку влажноста е висока.

Хумидорот мора да се навлажни пред да се користи кога е нов или кога бил вон употреба подолго време. Затоа, земете влажно крпче и навлажнете ја внатрешноста. Потоа ставете чашка за ракија во хумидорот и наполнете ја со дестилирана вода. Чувајте го хумидорот затворен преку ноќ. Ако водата е исчезната или речиси изчезнала, тогаш повторете го ова во рамките на следните 24 часа. Кога хумидорот ќе престане да впива влага, можете да ги ставите пурите. Навлажнувачкиот елемент или „сунѓерот“ ја чува влажноста на дрвото, кое пак ја држи влажноста на пурите.

Врвни марки на хумидори

[уреди | уреди извор]

Меѓународни

[уреди | уреди извор]

Македонски

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]