Хуморски манастир
Хуморскиот манастир ― манастир во комуната Манастиреа Хуморулуј, околу 5 км северно од гратчето Гура Хуморулуј, Романија. Тој е манастир за монахињи посветен на Успението на Богородица. Изграден бил во 1530 година од војводата Петру Рареш и неговиот советник Теодор Бубујог. Манастирот бил изграден над темелите на претходниот манастир кој датирал од околу 1415 година. Хуморскиот манастир бил затворен во 1786 година и не бил повторно отворен дури во 1990 година.
Црквата е заведена од УНЕСКО на нејзиниот список на светски културни наследства, како една од насликаните цркви на Молдавија.
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Хуморскиот манастир бил еден од првите насликани манастири во Молдавија со жрески и, заедно со Воронечкиот манастир, веројатно е најдобро зачуван. Доминантната боја на фреските е црвено-кафеава. Главниот сликар одговорен за хуморските фрески, насликани во 1535 година, бил некојси Тома од Сучава.
Предметите на фреските во манастирот вклучуваат Опсадата на Константинопол и Страшниот суд, вообичаени за надворешноста на насликаните манастири во Буковина, но и Химна на Богородица вдахната од поемата на вселенскиот патријарх Сергиј I во врска со чудесната интервенција на Богородица при спасувањето на градот од персиското освојување во 626 година. Сепак, Персијците се прикажани како Турци, што е вообичаен начин во овие манастири, а нивните слики се користат делумно и за политичка пропаганда, покрај нивното духовно значење.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црква во Хуморскиот манастир
-
Внатрешни фрески
-
Олтарот и фрески
-
Надворешни фрески
-
Мурали
-
Мурали
-
Мурали
-
Мурали
-
Мурали
-
Мурали
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Kocój E., Świątynie, postacie, ikony. Malowane cerkwie i monastyry Bukowiny Południowej w wyobrażeniach rumuńskich, Kraków 2006, Wydawnictwo Uniwersytetu Jagiellońskiego, ss. 444, 120 pf, Świątynie, postacie, ikony. Malowane cerkwie i monastyry Bukowiny Południowej w wyobrażeniach rumuńskich (Temples, persons, icons. Painted churches and monasteries of South Bukovina in Romanian imagology), Wydawnictwo Uniwersytetu Jagiellońskiego, Kraków 2006, s. 440. (семрежна верзија)
- Хуморски манастир
- users.cloud9.net Архивирано на 29 февруари 2012 г.