Христо Далкалчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христо Далкалчев
Роден 1878
Владово, Воденско
Починал 1954
Софија, Бугарија

Христо Далкалчев (1878-1954) — македонски револуционер, член на МРО / ТМОРО / ВМОРО.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во селото Владово, Воденско. Завршил богословија во Цариград. Учителствувал во Сер и Гевгелија. Во 1901 година бил избран за член на околискиот комитет на ТМОРО во Гевгелија. Во 1902 година емигрирал во Русија. Завршил медицински факултет во градот Киев во 1911 година. Во 1914 година заминал во Бугарија. Учествувал во Првата светска војна како доктор во 9-тата плевенска дивизија.

Починал во Софија, Бугарија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 79.