Хомологни хромозоми
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Хомологните хромозоми се хромозоми во клетките на диплоидните организми кои се спаруваат за време на мејоза како биваленти, формирајќи притоа синаптонемален комплекс. Едниот хомологен хромозом е наследен од мајката, додека другиот е наследен од таткото. Кај овие хромозоми постојат исти гени кои се наоѓаат на исти генски локуси (места), но тие можат да носат иста или различна генетска информација.
| Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |