Прејди на содржината

Химбергajст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Химбергајст направен од диви малини во регионот на Шварцвалд во Германија

Химбергајст познати и како алкохол од малина добиен со мацерација и дестилација, [1] е алкохолен пијалак направен од малини. Се произведува главно во Германија и во регионот Алзас во Франција.

Наместо да се дестилира ферментирана каша од свежо овошје во жесток алкохол, како овошно бренди, химбергајст се прави како инфузија. Малините имаат ниска содржина на шеќер што може да произведе само ограничена количина на алкохол, така што химбергајст се создава со мацерирање на свежи бобинки во 96% чист шпиритус.[2][3] Смесата потоа се остава неколку недели за да се извади есенцијата на малина, се дестилира, се разредува со прочистена вода и се флашира на 37,5% алкохол или појака. Производителите можат да додадат мала количина шеќер за да го заокружат конечниот вкус, но според законот на ЕУ, тоа не може да надмине 10 грама инвертен шеќер на литар. Додадените бои и вкусови исто така не се дозволени.[1]

Потребни се околу 7,7 кг. малини за да се добие еден литар химбергајст.[4] Традиционално се сервира под собна температура, чист, во чаша во вид на лале.[5][3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Consolidated text: Regulation (EU) 2019/787 of the European Parliament and of the Council of 17 April 2019 on the definition, description, presentation and labelling of spirit drinks, the use of the names of spirit drinks in the presentation and labelling of other foodstuffs, the protection of geographical indications for spirit drinks, the use of ethyl alcohol and distillates of agricultural origin in alcoholic beverages, and repealing Regulation (EC) No 110/2008“. 25 May 2021. стр. 49–51.
  2. „Spirituosenlexikon“. Die Schnapsbrenner (германски). Архивирано од изворникот на 2008-04-10.
  3. 3,0 3,1 „Fachlexikon“. hoellberg.de (германски). Архивирано од изворникот на 2007-10-09.
  4. Virbila, S. Irene (22 April 1990). „Eau-de-Vie, the Spirit of Alsace“. The New York Times. Посетено на 21 November 2021.
  5. Anderson, Susan Heller (26 August 1984). „Alsace's Eaux de Vie Pack a Fruity Punch“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 14 November 2021.