Херпес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Херпес
Херпес
СпецијалностЗаразна болест, Дерматологија Уреди на Википодатоците

Херпес на уста или раничка од настинка и температура е предизвикан од локална вирусна инфекција, која дава типични болни меурчиња на усните, а поретко и во устата. При првиот контакт со вирусот настанува примарната инфекција (обично во детството), која се манифестира со висока температура, воспаление на слузницата на образите и на грлото. По смирувањето на примарната инфекција вирусот останува во латентна форма во нервните корени, блиску до нападнатата регија на кожата. прекумерна изложеност на ултравиолетови зраци можат да испровоцираат повторна појава на херпесот. Повторуваните херпеси на устата обично поминуваат за 8 до 10 дена. Најголем дел од луѓето се инфицирани со херпес симплекс вирусот уште во детството. Повремена појава на херпес на устата покажува дека вирусот е присутен, дури и ако не постојат податоци за примарната инфекција во детството. Примарната херпетична инфекција, се манифестира со висока температура, болни, отечени и отворени ранички на непцата и слузницата на образите (стоматитис) и многу болно воспаление на грлото (фарингитис).

херпес на усните

Херпес на усните е многу честа вирусна инфекција која ги следи одредените состојби на телото и најчесто се јавува како придружна појава на инфекции кои го нарушуваат имунитетот, за време на тешкиот период на менструација, стрес, страв, вознемиреност или нервоза.Примарна инфекција обично се случува за време на детството, додека реактивирање на вирусот може да се случи дури и во годините подоцна. По првата инфекција, вирусот останува во нервните клетки и може да се активира периодично, предизвикувајќи повторна појава на симптомите – обично на истото или приближно истото место. Херпес на усните е заразен и обично се пренесува преку плунка, бакнување, кашлање или кивање, како и со заразена храна и со пијалак. Носителот на вирусот може да пренесе херпес на друго лице, дури и кога плускавците не се присутни, но најголем ризик од инфекција е моментот кога ќе се појават меурчиња до појавата на красти. HSV-1 вирусот може да се пренесе преку орален секс и на тој начин да предизвика генитален херпес.

Симптоми на херпесот[уреди | уреди извор]

Херпес на усните обично избива ненадејно. Еден до два дена пред да се појават првите симптоми на тоа место може да се почувствуваат чешање, болка и прилично непријатно боцкање. Многу брзо на набарената, црвена и болна кожа се појавуваат мали меурчиња полни со светла течност, обично на надворешната страна од устата или усните и веднаш до нив. Плускавците на крајот пукаат, се создаваат жолти красти, а потоа и рани кои обично зараснуваат по 7-10 дена. Првата инфекција можат да ја следат и општи симптоми на заразната болест, како што се треска, слабост и зголемени лимфни јазли.

  • прв симтом

Првиот знак е чешање и пецкање на дел од устата, по што се појавува црвенило и оток. Во тек на 24 до 48 часа се развиваат херпетичните меурчиња, едно или повеќе. Меурчињата прскаат и формираат болни ранички, кои на крајот се покриваат со красти. Дијагнозата се поставува визуелно, бидејќи промените имаат карактеристичен изглед. Малите деца не треба да бидат во контакт со луѓе што имаат херпес на устата, за да се спречи настанување на примарната херпетична инфекција. Неодамна се развиени неколку вакцини против херпес вирусот - тип 1, но со нив можат да се заштитат само децата кои не се инфицирани со овој вирус. Кај луѓето со ослабен имунитет превентивно можат да се даваат антивирусни лекови за да се спречат рецидивите на херпесната инфекција.

    • Третман - Херпесот на устата може да се лекува со специфични антивирусни лекови. Терапијата треба да почне уште пред да се развијат меурчињата. Системска терапија, антивирусни таблети, се користат во случаи кога херпесот често рецидивира или кога промените се многу проширени. Помош од стоматолог треба да се побара ако раничката на усната не поминува, ако е придружена со покачена температура или ако постојат и други промени на слузницата на устата.
Херпес лабиалис

Лекување на херпесот[уреди | уреди извор]

Херпесот обично се повлекува спонтано и не бара посебен третман. Меѓутоа, кај многу чести повторувања се спроведува терапија со антивирусни лекови, кои можат да се добијат со рецепт. Лекувањето во такви случаи треба да се спроведат веднаш по избувнувањето на симптомите, па затоа е добро однапред дома да имаме кутија со лекови препишани од лекар. Антивирусно лекување го скратува времетраењето на избивање на херпесот и должината на релапсите, се намалува бројот на релапси и помага оздравување. Кај појавата на херпесот на усните се советува да се избегнува стресот, мирување и конзумирање лесна храна. Покрај тоа, се препорачува консумирање чај од жалфија, рузмарин, корен од чички или ливадска детелина. За ублажување на симптомите на херпесот, може да се користи чешне свеж лук, кој е неопходно да се држи на усните околу пет минути, а потоа да се повтори постапката уште една минута со свеж лук. Исто така, се препорачува да држите коцка мраз на местото каде што се појави херпесот. Како превенција за појавата на херпесот, добро е да се преземат мерки за зајакнување на имунитетот.

Генитален херпес[уреди | уреди извор]

Херпес на гениталиите

Гениталниот херпес претставува болест која е предизвикана од страна на херпес симплекс вирусот (HSV), од којшто постојат два типови. Типот 1 (HSV-1) вообичаено предизвикува орален херпес, инфекција на усните и устата. Симптомите се болки средни по интензитет, или напади на треска. Во минатото, не беше познато дали HSV-1 може да предизвика генитален херпес, но, тоа размислување започна да се менува и факт е дека HSV-1 може да предизвика генитален херпес особено кај младата популација што рано започнува со сексуални односи. Сепак, во повеќето од случаите, гениталниот херпес е предизвикан од страна на вториот тип на херпес вирусот (HSV-2). HSV-2 вирусот живее во нервите. Кога тој е активен, патува кон површината на инфицираната област (кожа или мукозна мембрана) каде што што се размножува. Во оваа состојба новите вируси, можат да се населат кај друга личност. Потоа, вирусот патува назад кон нервот до ганглиите обично во основата на ‘рбетниот столб, каде и останува одредено време.

Кој се заразува со генитален херпес?[уреди | уреди извор]

Околу една петтина од сите луѓе од над 12 години се инфицирани со HSV-2 вирусот којшто го предизвикува гениталниот херпес, но околу 90% од инфицираните, тоа не го знаат. Според некои проценки, 50% до 80% од возрасните имаат орален херпес. Повеќе жени отколку мажи се инфицирани, што значи, една од четири жени во споредба со еден од пет мажи. Една од причините за таквата процентуална застапеност е дека вирусот може да ги афектира женските гениталии многу полесно отколку машките. Гениталниот херпес е почест кај црната раса отколку кај белата и почесто се јавува со текот на годините од животот. Исто така, многу е почест кај луѓето коишто имаат повеќе сексуални партнери.

Како се пренесува оралниот или гениталниот херпес?[уреди | уреди извор]

  • HSV-1 обично се пренесува од еден партнер на друг преку бакнување. Исто така, може да се пренесе од устата кон гениталиите преку орален секс. Ако тоа се случи, се работи за случај на генитален херпес.
  • HSV-2 најчесто се пренесува преку вагинален и анален секс. Но, исто како што и HSV-1 може да ги инфицира гениталиите и да предизвика генитален херпес, така и HSV-2 може да премине од гениталиите кон устата, при што ќе резултира со појава на орален херпес.
  • HSV-2 не може да преживее долго на површини коишто не се живи, па така не постои реален ризик од негово добивање од вц школката или тушот.

Како може да се спречи гениталниот херпес?[уреди | уреди извор]

Користењето на бариера (кондом) за време на сексуалните односи може да Ве заштити Вас и Вашиот партнер, но само ако се прекрива целата површина на која што се наоѓа вирусот. Би требало да ги избегнувате сексуалните односи ако Вие или Вашиот партнер имате рана на гениталиите и исто така не треба да имате орален секс со некојшто има рана на усните или устата. Многу е важно да се знае дека HSV е заразен тип на вирус дури и кога неговите симптоми не се видливи.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Издавачка куќа: Mладинска куќа-Скопје
  • За издавачот: Златко Макаровски
  • Уредник: Лавинија Шувака