Голема ласица

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хермелин)
Прејди на: содржини, барај
Голема ласица
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Животни
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Куни
Потсемејство: Куни
Род: Ласица
Вид: Голема ласица
Биномен назив
Mustela erminea
Linnaeus, 1758
Распостранетоста на големата ласица

Голема ласица или хермелин (науч. Mustela erminea) — животно кое спаѓа во семејството ласици.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Неговото снежнобело крзно со векови ги украсувало кралските наметки и денес сè уште се користи во индустријата за крзно. Големите ласици живеат во Северна Америка и северна Евроазија. Најчести се на местата покриени со грмушки, шумски и полушумски предели. Во лето тие се кафени, со бела боја на грлата, градите и стомаците. Долги се 13-30 см, од кои опашката е долга 5-12 см и тежат помалку од 0,3 кг. Големи месојадци, ласиците се хранат со мали цицачи, птици, јајца, жаби и понекогаш со без’рбетници. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Reid, F. & Helgen, K. (2008). „Mustela erminea“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 21 March 2009.
  2. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје, 2006, книга 10, стр. 109, Хермелин - (Ermine)