Харалд Андерсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Харалд Андерсон
Harald Andersson 1934.jpg
Харалд Андерсон во 1934 година
Лични податоци
Роден(а)2 април 1907(1907-04-02)
Станфорд, САД
Починал(а)18 мај 1985(1985-05-18) (воз. 78 г.)
Нинесхамн, Шведска
Висина&100000000000000019099991.91 м
Тежина99 kg (218 lb)
Спорт
СпортАтлетика
ДисциплиниФрлање диск
Успеси и титули
Лични рекорди53.02 метри (1935 г.)[1][2]

Харалд „Слактарн“ Андерсон (2 април 1907 – 18 мај 1985) — шведски атлетичар кој се натпреварувал во дисциплината фрлање диск. Во 1934 година тој ја освоил европската титула[1] и бил сопственик на светскиот рекорд во фрлање диск осум месеци. Истата година тој го добил признанието за „најзначајно шведско спортско остварување во годината“.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Андерсон бил шведски шампион секоја година од 1932 до 1935 и најдобар светски фрлач на диск во 1934 и 1935 година.[4][3] Тој го соборил светскиот рекорд на американецот Пол Џесап од 51.73 метри двапати во исто натпреварување (двоен натпревар помеѓу шведските и норвешките тимови во Осло) на 25 август 1934 година, префрлувајќи најпрво 52.20 метри а потоа и 52.42 метри;[5] вториот резултат бил официјално ратификуван од ИААФ.[6] На Европското првенство 1934 во Торино две недели подоцна Андерсон префрлил 50.38 метри и победил убедливо пред Пол Винтер и Иштван Доноган.[7]

Андерсон го загубил приматот светски рекордер во април 1935 година, кога германецот Вили Шредер префрлил 53.10 метри во Магдебург;[6] но сепак, тој останал најдобар светски фрлач, бидејќи Шредер не бил во постојана форма на големите натпреварувања и имал здравстевни проблеми.[5] Андерсон ги освоил титули на шведското и британското државно натпреварување истата година,[3] и на 13 октомври тој го подобрил шведскиот државен рекорд на 53.02 метри во Еребру.[5][8] Тој бил главен фаворит на Летните олимписки игри 1926 во Берлин, но се повредил самиот пред игрите;[3] тој се обидел да се натпреварува во квалификациите, но успеал да прфрли околу 38.5 метри и не успеал да се квалификува во финалето.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Harald Andersson. sports-reference.com
  2. Harald Andersson. trackfield.brinkster.net
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Stora Grabbar“ (шведски). конс. 22 December 2014. 
  4. „Athletics at the 1936 Berlin Summer Games: Men's Discus Throw“. Sports Reference LLC. конс. 22 December 2014. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Jukola, Martti (1935) (на фински). Huippu-urheilun historia. Werner Söderström Osakeyhtiö. 
  6. 6,0 6,1 Butler, Mark; IAAF Media & Public Relations Department (2013). IAAF Statistics Book Moscow 2013. ИААФ. стр. 635. 
  7. Jalava, Mirko (2014). „European Athletics Championships Zürich 2014: Statistics Handbook“ (PDF). ЕАА. конс. 9 December 2014. 
  8. All-Time List As At 31 December 1945, Association of Track and Field Statisticians 
  9. „Harald Andersson Bio, Stats and Results“. Sports Reference LLC. конс. 22 December 2014. 
Рекорди
Претходник
САД Пол Џесап
Светски рекордер во фрлање диск
25 август 1934 – 28 април 1935
Наследник
Германија Вили Шредер