Фужински Езера

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фужински езера)
Долното Фужинско Езеро

Фужинските Езера (Laghi di Fusine на италијански, Belopeška jezera на словенечки) претставуваат две минијатурни алпски езера на самиот североисток на Италија, на неколку километри од границата со Словенија во општина Тарвизо, провинција Удине. Италија во 1971 година го прогласила регионот околу езерата за национален парк.

Географија[уреди | уреди извор]

Овие две езера се наоѓаат во подножјето на Јулиските Алпи, поточно во Мангартската долина. Тие се наоѓаат на неколку километри од патот кој ги поврзува Словенија и Италија на самиот север од овие земји и малиот град Фужине,односно Фужине во Валромана. Тие се наоѓаат едно над друго па посебно се нарекуваат Горно и Долно Фужинско Езеро. Долното езеро се наоѓа на 924 метри надморска височина, додека горното е на 929 метри.

Туризам[уреди | уреди извор]

Иако се наоѓаат оддалечени од повеќето поголеми туристички центри, сепак се многу интересни, особено во текот на летната сезона. Од Крањска Гора се оддалечени само 15 минути со автомобил, додека во лето можни се и велосипедски тури.[1] Околу езерото постои патека за шетање, додека околу долното езеро има два угостителски објекти. На дното има и мини хидроцентрала. Оттука поаѓаат полем број на планинарски тури кон околните врвови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.nina-potuje.com/belopeska-jezera/ Приступљено 30.08.2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]