Прејди на содржината

Фаустино Рејес

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фаустино Рејес Лопес (роден на 4 април 1975 година во Марчена, Севиља) e поранешен боксер од Шпанија, кој ја претставувал својата родна земја на Летните олимписки игри 1992 година во Барселона, Шпанија. Таму го освоил сребрениот медал во перо категорија (57кг), откако бил поразен во финалето од Германецот Андреас Тевс.

Олимписки резултати

[уреди | уреди извор]
  • Го победи Брајан Кар (Велика Британија) со 22-10
  • Го совлада Сомлук Камсинг (Тајланд) со 24-15
  • Го победи Еди Суарез (Куба) со 17-7
  • Го победи Рамазан Паљани (Унифициран тим) со 14-9
  • Пораз од Андреас Тевс (Германија) со 9-16

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]