Фани Христова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фани Христова (16 јуни 1983 година) - македонска пејачка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Благодарение на родите­лите музиката и станува преокупација уште од нај­раното детство. Најпрво членуваше во хорот на Запро Запров, каде што освен пеење почна да изу­чува и клавир, па со веќе стекнати почетни знаења се запишува во средното музичко училиште, каде што продолжува со изучу­вање на обоа, а подоцна и на соло-пеење. Во сред­ношколските денови ја формира и групата Флип, која ја сочинуваа пет девојки, а која дебитираше со синглот Ова е крај, потпишана од страна на Роберт Билбилов (задолжен за музиката и за аранжманот) додека текстот го напиша Раде Врчаковски. Со песната Нова страница на Ана Бо­чек и на Дарко Мучов, Фани со Флип го стекна и првото фестивал­ско искуство, и тоа со настапот на Макфест 2000. Групата набрзо по фестивалот ја напуштија три девојки, па Фани и Марија побараа вокална поддршка од Маја Саздановска, со која, како тројка ја оформија формацијата Vogue. Вог дебитираше со синглот Не сону­вам, кој и покрај тоа што не го доживеа своето видео-издание, од­лично помина кај публиката. Во меѓувреме Фани доби покана за учество на Скопскиот фестивал, каде настапи со песната Лејди на авторот Григор Копров, со што, впрочем започна и со градење на својата соло-кариера, и покрај и понатамошното партиципирање во групата Вог. По Лејди следуваше синглот Помисли што направи, за кој музиката ја напиша Иван Јованов, додека текстот го реализираше Фани. Темата беше снимена во студиото Јованови, а за интересно видео-издание беше задолжена екипата од Ф/Х про­дукција. Неодамна кај Јован Јованов во студио, Фани реализи­раше две нови снимки – брзата Предизвик и баладата Приказна за нас, паралелно пишувајќи текстови и за други изведувачи (за ал­бумот на Јован Јованов, но и за Панчо од ДНК, Искра од М2). Ос­вен со авторството, Фани во македонските музички кругови е поз­ната и како респектиран диџеј, кој има постојан ангажман во дискотеките во Скопје и низ Македонија, популаризирајќи ја со своја­та мисија R&B и хип-хоп музика.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Фани“. web.archive.org. 2012-05-31. Архивирано од изворникот на 2012-05-31. Посетено на 2020-10-08.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)