Прејди на содржината

DNK

Од Википедија — слободната енциклопедија
DNK
Роден(а)Скопје
Жанровипоп
Период на активност2001 - 2025
ИздавачиАвалон продукција
Членови
Владимир Блажев-Панчо
Андреј Ѓорѓиески

DNK — македонска поп-група. Основанa е во 2001 година. Членови на групата се Владимир Блажев — Панчо (29 јули 1979 — 14 октомври 2025) и Андреја Ѓорѓиески — Андреј (9 февруари 1982 — 16 март 2025).[1] Андреј загинал ноќта на 16 март, враќајќи се во клубот да спаси луѓе по избувнувањето на Пожарот во ноќниот клуб во Кочани. По седум месеци од трагедијата животот го загубил и Владимир (Панчо)

Како изведувачи со претходно музичко искуство и образование (Андреј има завршено нижо и средно музичко училиште и е студент на Музичката Академија во Скопје) се одлучуваат по кариерата во групите ТНТ (Андреј) и ОК Бенд (Панчо) да започнат заедничка кариера во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на ДНК — „Девојка за везден“ за кој снимаат и видео запис.

Вториот сингл „Благодарам однапред“ станува евергрин во македонската музичка ризница и освен на првиот EP албум „Пази дете“ кој ДНК го издаваат во април 2003 година, се наоѓа и на деби албумот „Кажано е се“. По двегодишна пауза, во 2006 година повторно се активираат. Понатаму, во годините што следуваат своето музичко искуство Андреј и Панчо го пренесуваат и на други полиња повторно поврзани со музиката. Панчо стана резидент ДЈ во најпознатите и најголемите македонски и странски клубови, а потоа ја основа Sure Shotz Entertainment agency преку која во Македонија донесе неколку светски и балкански R&B артисти меѓу кои се: Edo Maajka, Connect, V I P, DJ Oli Doboli и многу други. Од друга страна пак Андреј стана музички уредник на единствената музичка телевизија во Македонија - К-15 ТВ и продуцент на шоуто „Мојата Ѕвезда“ од кое излегоа многу нови музички таленти. Како соработници и пријатели со продуцентот Врчак, ДНК стануваат едни од основачите на „Продукција Република“ и први ексклузивци на истата. Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ (за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и фестивали како и на манифестацијата „Топол културен бран“ во организација на Министерството за култура.

Во 2010 година тие го издаваат деби албумот насловен “Кажано е се”, преку нивната матична куќа „Продукција Република“, како продуцент се јавува Врчак, а албумот се состои од 18 песни, меѓу кои сингловите “Полна месечина”, “Пази се од мене”, “Навлечен на тебе”, “Таа тоа го крие” и други.[2] Една година подоцна, во септември 2011, ДНК го одржуваат својот прв соло концерт во Метрополис Арена во Скопје.[3]

Во јуни 2012, тие го издаваат синглот “Авион”, како најава за претстојниот албум “Срце”. Албумот “Срце”, издаден во 2013 година, има 15 песни, вклучувајќи ги песните како “Дада”, “Што сака нека биде”, “Од утро до мрак” и други.[4][5]

Неколку месеци подоцна, во септември 2012, ДНК одржува акустичен концерт во Универзална Сала Скопје,[6] поддржани од камерен оркестар и бенд во живо.[7]

Во 2016, тие го издаваат албумот “Уште еден ден”.[8][9] Овој албум има 12 песни, меѓу кои: “Само таа знае како”, “Најмила”, “Темно е”, “Она е од Шутка”.[10][11]

Во мај 2017, ДНК слави 15 години постоење со концерт во Метрополис Арена во Скопје.[12][13]

Во 2018, тие ја издаваат компилацијата “The Best Of”, која содржи 22 популарни песни и бонус песната “Дијамант”.[14]

Во 2019, ДНК издава 4 синглови: “Кога би знаела се”[15], “Ромео и Јулија”[16], “Ние”[17] и “Горе или доле”.[18][19]

На почетокот на 2020 година тие го издаваат последниот сингл насловен “Јави ми" со анимирано видео.[20] Во март, тие оддржаа онлајн концерт на YouTube и Facebook.[21]

Во 2021 година, издаваат 4 синглови: "Денови во ноќи", "Сите патишта", "Кобра" и "Ваков таков"

Во 2022 година тие издаваат 4 синглови: "Лава", "Милион денови", "Романи" и нивниот голем хит "Ако утре ме нема".

На 3 декември 2022 година, по повод 20 години ДНК, тие одржаа концерт во Арена "Борис Трајковски", каде гости им биле врвни музички имиња од македонската естрада: Наум Петрески, Мина Блажев, Таско, Џамбо Агушев, Тамара Тодевска, Магдалена Цветкоска и други.

Во 2024 година издаваат синглови: "Посреќна", "Животе брате", "Амајлија" и "Чаршија“.

Во 2025 година го издаваат нивниот последен сингл "Фала".

Пожарот во дискотеката ,,Пулс" во Кочани

[уреди | уреди извор]

На 16 март 2025 година, Андреја Ѓорѓиески- Андреј загина во пожарот во ноќниот клуб во Кочани, заедно со фотографот на бендот Александар Ефремов, пратечкиот вокал Сара Пројковска, тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев, клавијатуристот Филип Стевановски и бас гитаристот Александар Коларов. Двајца од членовите на бендот го преживеале првичниот пожар, но починале подоцна попладне. Владимир Блажев познат како "Панчо" се здобил со изгореници на лицето и рацете, и му била дадена терапија со кислород, оставајќи го единствениот преживеан член на бендот, додека не почина во октомври 2025. Од пожарот загинаа сите членови на бендот освен пратечкиот вокал Ана и гитаристот Горан Тонев.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Албуми и компилации[22]

[уреди | уреди извор]

ДНК има издадено 4 студиски албуми, една "Best of" компилација и едно EP.

ДНК - албуми, компилации и EP
наслов година број на песни
Пази дете 2003 8
Кажано е се 2010 18
Срце 2013 16
Уште еден ден 2016 12
The Best of 2018 22
Дваесет 2022 12

Видео записи[23]

[уреди | уреди извор]
СпотГодинаРежисер
Девојка за везден 2002
Пази дете 2003
Благодарам однапред 2004
Полна месечина 2008Владимир Митревски-Ѓуле
Навлечен на тебе2008Владимир Митревски-Ѓуле
Змеј 2009Владимир Митревски-Ѓуле
Пази се од мене 2009
Едно тело 2010Огнен Шапковски
Спонзоруша 2011
Кажано е се 2011
DADA 2011Томато продукција
Од утро до мрак2011Томато продукција
Авион 2012
Диско џунгла2012Томато продукција
Старлета 2013Томато продукција
Што сака нека биде 2013
Север и југ 2014Томато продукција
Опуштено 2014
Она е од Шутка 2014Томато продукција
Најмила 2015Томато продукција
Само таа знае како 2016Томато продукција
Стојам сам 2016
Јас и ти 2016Томато продукција
Аеродром 2016Томато продукција
Звер 2016Владимир Митревски-Ѓуле
Некој друг2017Томато продукција
Уште еден ден2017Томато продукција
Невозможна мисија2017Даниел Јовески
Пола човек2018Александар Ристовски - Принц
Дијамант2018Александар Ристовски - Принц
Кога би знаела се2019CRNI SRBI PRODUCTION
Горе или Доле2019Даниел Јовески
Ромео и Јулија2019Илија Димкоски
Ние2019Даниел Јовески
Јави ми2020Никола Димов
Денови во ноќи2021Даниел Јовески
Кобра2021Валон Азири
Сите патишта2021
Ваков таков2021
Ако утре ме нема2022Владимир Митревски-Ѓуле
Милион денови2022Владимир Митревски-Ѓуле
Романи2022Даниел Јовески
Мами2023
Посреќна2023
Животе брате2024Огнен Шапковски
Амајлија2024Даниел Јовески
Чаршија2024Огнен Шапковски
Фала2025Огнен Шапковски
  1. „Биографија“. DNK (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-10-20. Посетено на 2020-10-16.
  2. „Кажано е Се“. DNK (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-10-21. Посетено на 2020-11-02.
  3. „DNK - Metropolis Arena - Skopje ( 24.09.2011 ) - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  4. „Панчо и Андреј - ДНК: Ние сме емотивни и романтични момци!“. CRNOBELO.com. Посетено на 2020-11-02.
  5. „Срце“. DNK (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-10-21. Посетено на 2020-11-02.
  6. „Концерт на ДНК во Универзална сала во Скопје“. МКД.мк. Архивирано од изворникот на 2022-06-10. Посетено на 2020-11-02.
  7. „Истакнати музичари во бендот на ДНК“. CRNOBELO.com. Посетено на 2020-11-02.
  8. Facebook; Twitter; Instagram; YouTube (2016-05-10). „ДНК со ѕвездена промоција на новиот албум и спот“. Fashionel.mk. Посетено на 2020-11-02.
  9. „Цела македонска естрада на промоцијата на новиот албум на ДНК‏“. RadioMK. Архивирано од изворникот на 2016-09-15. Посетено на 2020-11-02.
  10. „Цела македонска естрада на промоцијата на новиот албум на ДНК“. Република Online. Архивирано од изворникот на 2022-06-10. Посетено на 2020-11-02.
  11. „Уште Еден Ден“. DNK (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-10-26. Посетено на 2020-11-02.
  12. „ДНК со славенички концерт во Метрополис Арена!“. vecer.mk. Посетено на 2020-11-02.[мртва врска]
  13. „DNK - Temno e ( Metropolis Arena / Skopje - DNK Concert 12.05.2017 ) - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  14. Sabit, Lejla (2018-08-31). „„ДНК" со промоција на албум и сингл“. Независен Весник. Посетено на 2020-11-02.
  15. „DNK - KOGA BI ZNAELA SE (official music video) ©2019 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  16. „DNK feat. IRIE SCRATCH - ROMEO I JULIJA (official music video) ©2019 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  17. „DNK - NIE (official music video) ©2019 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  18. „DNK - GORE ILI DOLE (official music video) ©2019 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  19. „Ексклузив - 20.06.2019 / Гости во студио „ДНК" - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  20. „DNK - JAVI MI (official music video) ©2020 - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.
  21. „Биди кул и шизи по дома: ДНК вечерва со онлајн концерт“. Hashtag. Посетено на 2020-11-02.
  22. „DNK“. Spotify (англиски). Посетено на 2020-11-02.
  23. „DNKofficial - YouTube“. www.youtube.com. Посетено на 2020-11-02.