Фана

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фана
Fanna
Сателитска снимка на Фана (северниот остров).
Географија
АрхипелагЈугозападни Палауански Острови
Површина0,5 км2
Највисоко издигнувањен.п. м
Управување
Сонсорол
Демографија
Население0 (2018)

Фана (англиски и сонсоролски: Fanna) е мал остров во сојузната држава Сонсорол во Палау.

Географија[уреди | уреди извор]

Фана е мал остров, дел од групата на Југозападни Палуански Острови. Вкупната површина на островот е 0,5 км2. Денес овој остров не е населен поради евакуацијата за време на тајфунот од 2012 година. На островот има напуштено село.

Островот е прекриен со густа шума и на бреговите има плажи. Целиот остров е опколен од корален гребен.

Островот Сонсорол е на 2 км оддалеченост од Фана.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите европски записи за островот датираат од ноември 1710 година. Тогаш на островот пристигнала шпанската мисионерска експедиција под раководство на Франсиско Падилја.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rienzi, M.L. Historia de la Oceanía, o quinta parte del mundo, Barcelona, 1845-1846, vol.2, p.78

Поврзано[уреди | уреди извор]