Сонсорол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сонсорол
Sonsorol
сојузна држава
Знаме на Сонсорол
Знаме
Местоположба на Сонсорол во Палау
Местоположба на Сонсорол во Палау
Држава Палау
Гл. градДонгосару
Површина
 • Вкупна3,12 км2 (120 ми2)
 • Земјишна3,12 км2 (120 ми2)
 • Вода0 км2 (0 ми2)
Население (2014)
 • Вкупно42
 • Густина0.13/км2 (0.35/ми2)
ISO 3166PW-370

Сонсорол (сонсоролски и англиски: Sonsorol) — една од шестнаесетте сојузни држави на Палау. Сонсорол е составена од четири острови и секој остров претставува засебна општина. Административен центар на државата е селото Донгосару на островот Сонсорол.

Географија[уреди | уреди извор]

Државата е составена од четири острови, од кои само Сонсорол е населен. Секој остров е засебна општина. Селото Донгосару се наоѓа на островот Сонсорол. Овие четири острови, заедно со островите во Хатохобеј ја сочинуваат островската група Југозападни Палауански Острови. Според податоците од 2014 година, оваа држава има само 42 житела. Луѓето зборуваат сонсоролски и палауански јазик. Ненаселените острови биле населени се до тајфунот кој ја погодил државата во 2012 година.

Сателитска снимка на островите Фана и Сонсорол.
Сателитска снимка на Пуло Ана.
Сателитска снимка на Мерир
бр. остров село Area
(km²)
население
2014
координати
1 Фана 0.48 0 05°21′09″N 132°13′32″E / 5.35250° СГШ; 132.22556° ИГД / 5.35250; 132.22556
2 Сонсорол Донгосару 1.31 42 05°19′28″N 132°13′16″E / 5.32444° СГШ; 132.22111° ИГД / 5.32444; 132.22111
3 Пуло Ана 0.42 0 04°39′34″N 131°57′49″E / 4.65944° СГШ; 131.96361° ИГД / 4.65944; 131.96361
4 Мерир 0.91 0 04°19′27″N 132°18′37″E / 4.32417° СГШ; 132.31028° ИГД / 4.32417; 132.31028
Сонсорол Донгосару 3.12 42  

Острови[уреди | уреди извор]

Фана[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Фана (Палау).

Фана е мал остров кој е опкружен од гребен, на 160 до 480 метри од брегот. Островот има округла форма и дијаметар од 350 метри. Островот има густа шума и истиот е оддалечен самоо 1,6 км од Сонсорол. До 2012 година градоначалник на Фана бил Маријано Карлос.

Сонсорол[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Сонсорол (остров).

Островот Сонсорол, или познат и како Донгосаро, е главниот остров во сојузната држава и единствен населен. Островот е опкружен со корален гребен на оддалеченост од 160 до 480 метри од брегот. Сонсорол е оддалечен од Фана 1.6 км. Сонсорол е долг 2 км во правец југ-север, а широк 890 метри. На островот се наоѓа единственото населено село во сојузната држава - Донгосаро, кое воедно служи и како главен град. Селото се наоѓа на западниот брег. Островот има густа шума од кокосови палми. Се верува дека Сонсорол можеби е првиот остров во Палау на кој пристигнале Европејците. По катастрофата со тајфунот „Бофа“, владата планира изградба на островот и изградба на мало пристаниште.

Пуло Ана[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Пуло Ана.

Пуло Ана или Пуро е мал остров кој е опколен од корален гребен на оддалеченост од 460 метри од брегот. Островот има скоро кружна форма и има должина 800 метри, а ширина од 550 метри. Порано на островот имало село наречено Пуро, кое се наоѓало на северозападната страна на островот, но денес целиот остров не е населен. Населението било евакуирано за време на тајфунот од 2012 година.

Мерир[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Мерир.

Островот Мерир или Мелиели е четвртиот остров во сојузната држава. И овој остров е опколен со корален гребен на оддалеченост од 1100 метри од брегот на јужната страна и на 160 метри на северната страна. Должината на островот е 2.200 метри, а ширината е 600 метри. На островот имало и село именувано како Мелиели, имало радио станица и истото се наоѓало на северозападната страна на островот. Денес островот не е населен и населението било евакуирано поради тајфунот кој ја погодил државата во 2012 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Европејците кога истражувале прво ги „откриле“ Фана и Сонсорол со бродот шпанскиот „Тринидад“, под команда на Гонзало Гомез де Еспиноза на 6 мај 1522 година.[1][2] Двата острова биле означени на карта со заедничкото име „Острови Сан Хуан“ („Свети Јован“) бидејќи пристигнале на истоимениот празник. Подоцна, шпанска мисионерска експедиција под команда на Франсиско Падилја пристигнала на Сонсорол на 30 ноември 1710 година, која пак патувала од Манила. Во 1712 година островите биле истражени и од Шпанецот Бернардо де Егој[3]

Во декември 2012 година државата била погодена од тајфунор „Бофа“. Луѓето биле евакуирани во Акебесанг во Корор. Имало 37 лица од Сонсорол, 19 од Пуло Ана и 2 од Мерир. По неколку месеци, поради одлука на владата, само Сонсорол бил поврорно населен. 42 се вратиле на Сонсорол.

Образование[уреди | уреди извор]

Образовните активности и институции во државата се надлежност на Министерството за образование на Палау. Во Сонсорол има две училишта:

  • Основно училиште Пуно Ана - изградено во 1972 и има една училница со еден наставник[4]
  • Основно училиште Сонсорол - изградено во 1972 со една училница и еден наставник[5]

Децата своето средно образование го продолжуваат во Корор каде се наоѓа единственото средно државно училиште.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Brand, Donald D. The Pacific Basin: A History of its Geographical Explorations The American Geographical Society, New York, 1967, p.119.
  2. Sharp, Andrew The discovery of the Pacific Islands Oxford, 1960, p.10.
  3. Coello, Francisco "Conflicto hispano-alemán" Boletín de Sociedad Geográfica de Madrid, t.XIX. 2º semestre 1885, Madrid, p.247
  4. "Pulo Anna Elementary School." Ministry of Education (Palau). Retrieved on February 22, 2018.
  5. "Sonsorol Elementary School." Ministry of Education (Palau). Retrieved on February 22, 2018.
  6. "About." Palau High School. Retrieved on February 22, 2018.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]