Урски зигурат
Урскиот зигурат е градба во сумерскиот град Ур во древна Месопотамија, денешен Ирак, во близина на Насирија јужно од Багдад. Зигуратот бил посветен на сумерскиот бог Нана или Суен.
Градбата претставува голема скалеста платформа која е изградена во 21 век п.н.е од кралот Ур-Нама. Во сумерско време се викал Етеменигур. Денес, по 4000 години, зигуратот сè уште е воглавно зачуван, а делумно реконструиран како единствена голема градба од времето на Ур.
Горната платформа е висока околу 30 метри, а долната е долга 64 метри и широка 46 метри. Зигуратот претставувал дел од храмскиот комплекс каде што се верувало дека богот на месечината, заштитникот на Ур, имал свое земно живеалиште. На врвот биле изградени храмови и жртвеници. Сумерите верувале дека зигуратот служел како мост меѓу небото и земјата, односно дека боговите доаѓале да го посетат храмот. Само на свештениците и кралските службеници им бил дозволен пристап до храмот. Изградбата на храмот ја завршил кралот Шулги, кој себеси се прогласил за бог. [1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Sumeria, the "Civilized Land"“. Архивирано од изворникот на 27. 11. 2020. Посетено на 02. 09. 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help)