Уранија Алиломова
Изглед
Уранија Алиломова (мом. Раковска с. Пателе, Леринско) — уредник на двојазичното месечно списание „Нова Македонка“, орган на Антифашистичкиот фронт на жените Македонки во Грција, на македонски и грчки јазик.
Во текот на НОБ (1941-1945) е организирана во младинската организација ЕПОН. Од 1945 година се вклучува во редовите на НОФ-АФЖ. На списанието станала уредник од март 1948 година, а од април истата година е избрана за член на Главниот одбор на АФЖ.[1]