Уметност на изработка на стаклени перли

Од Википедија — слободната енциклопедија

Уметноста на правење стаклени перли е вештина на правење на перли од стакла во Италија и Франција. Тоа е техника со која стаклото се обликува со оган. Во 2020 година. Уметноста на стаклени перли е впишана на Репрезентативниот список на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото. [1]

Историја[уреди | уреди извор]

Од 16 век, два производни центри се особено значајни во оваа уметност, Париз, со својата заедница на експерти од стаклени перли, и Венеција, првата европска престолнина на стаклото. Производството на стаклени перли во Венеција датира уште од 14 век. Се произведувале во Мурано и на целата територија на Венеција. Стаклените перли биле вредна стока за трговија.[1]

Историјата на уметноста на стаклени перли во Франција датира од доцниот среден век кога занаетчиите ги научиле тајните на занаетот од венецијанските стаклари. Уметноста на стаклените перли се развила во Франција до таа мера што градот Невер во 17 век стана мал француски Мурано.[2]

Италијанската и француската заедница во уметноста на стаклените перли се обединиле од 19 век. со бројни технички, културни и уметнички размени.[3]

Вештината за изработка на стаклени перли, т.е. уметноста на стаклени перли е тесно поврзана со богатството на знаења и владеењето со материјалот (стаклото) и елементот (оган). Уметноста вклучува специфични знаења и вештини, како и употреба на специфични традиционални алати и процеси. Процесот на изработка вклучува различни фрази.[1]

Стекнувањето на вештини за правење стаклени перли во двете држави воглавно било неформално; знаењето се пренесувало во работилници каде што чираците стекнувале знаење преку набљудување, експериментирање иракса под надзор на стручните занаетчии. Процесот на стекнување на вештини исто така можел да се случи и преку формално образование во техничките институции.[1]

Во Италија, правењето стаклени перли имало две форми,[1] а во Франција полните перли се правеле со факел и врелото стакло се заокружувало со ротација и гравитација, или шупливите перли се правеле или на трн или со дување во шуплива прачка.[1]

Посложено производство[уреди | уреди извор]

Посложено производство кое е вообичаено во двете држави, мурано стакло, се состои од склопување на повеќебојни стаклени прачки околу јадрото. Перлите потоа се украсуваат и се користат на различни начини.[1]

Употреба[уреди | уреди извор]

Стаклените перли се користат главно за правење на подароци кои се користат за одбележување на одредени настани и општествени прилики, а практиката промовира општествена кохезија и умешност во рачната и занаетчиската работа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „The art of glass beads“. Intangible cultural heritage - UNESCO (енглески). Посетено на 14. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „The Art of Glass Beads: Intangible Cultural Heritage by UNESCO“. whartibus.com (енглески). Посетено на 14. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. „L'ARTE DELLE PERLE DI VETRO“. Unesco.it (италијански). Архивирано од изворникот на 2023-04-30. Посетено на 14. 6. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]