Тутси (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тутси (англиски: Tootsie) - американски филм од 1982 година, во режија на Сидни Полак. Главните улоги во филмот ги играат: Дастин Хофман, Џесика Ланг, Бил Мари, Тери Гар, Дебни Колмен, Чарлс Дарнинг, Сидни Полак, Џина Дејвис итн. Во 1983 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во 10 категории, од кои победил само во една (Џесика Ланг за најдобра споредна женска улога). Истата година, филмот освоил три награди „Златен глобус“, а во 1984 година и две награди на БАФТА. Во 1998 година, филмот бил ставен во Националниот филмски регистер на САД.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Мајкл Дорси (го игра Хофман) е невработен актер кој никако не може да добие улога. Тој живее со драмскиот писател Џеф (го игра Мари) кому сака да му помогне да постави една театарска претстава. За таа цел, Мајкл се преоблекува во жена и под измисленото име Дороти Мајклс добива улога во една телевизиска „сапунска“ серија. Таму, Дороти (ја игра Хофман) се истакнува со својот остар суд на машкиот свет поради што стекнува големи симпатии како кај публиката така и меѓу колегите. Набргу, Дороти се спријателува со актерката Џули (ја игра Ланг) која нема сила да ја раскине врската со режисерот на серијата Рон (го игра Колмен). Постепено, Мајкл се вљубува во Џули, но истовремено тој е во врска со глумицата Сенди (ја игра Гар). Еднаш, Џули ја кани Дороти на имотот на својот татко (го игра Дарнинг), кој се вљубува во Дороти и ѝ нуди брак. Истовремено, Мајкл ѝ признава на Сенди дека сака друга жена, но проблемот е во тоа што Џули не знае дека Дороти е всушност, маж. На Мајкл му станува мачна улогата на жена и одлучува да расчисти со сите проблеми. Оттука, за време на снимањето на една серија од емисијата, Дороти јавно соопштува дека е маж, предизвикувајќи шок кај целата телевизиска екипа. На крајот од филмот, Мајкл ја среќава Џули, кажувајќи ѝ дека ја сака.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]